русијасауди

РУСИЈА ВО ЗАЛИВСКОТО НЕВРЕМЕ Иссаев: Катар, Русија и Иран земји се со најголеми резерви на природен гас.

20170614000011_58731Пишува : Leonid Issaev,/ Дубаи Портал

Актуелната криза на Советот за соработка на заливските земји (ГЦЦ) често има регионални димензии, а лежи во самата природа на односите помеѓу Ријад и пет-те монархии на Заливот. Бидејќи ситуацијата е таква, Русија смета дека интервенција во интерниот судир на ГЦЦ би била многу непрактична.

Офуцијално заземање на страна би можело да ги загрози енергетските интереси на Русија имајќи го тоа на ум, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на 5.јуни изјавил: “ Ова се билатерални односи да државите. Ние не се мешаме во такви одлуки“.

Меѓутоа, и покрај официјалната неутралност на Русија – неопходно е да се одржат добри односи со клучниот енергетски партнер Саудиска Арабија – Москва има сочувствува спрема Катар. Понатаму, актуелната криза му овозможила можност на Кремљ да се приближи на важниот сојузник на САД и зајакне сојузништвото со Турција и Иран.

Заради што Русија не може да заземе страна.

Односите помеѓу Русија и Катар значително се подобрија во изминатите години. Катар активно започна да вложува во Русија во период кога руската економија бележи дефицит на странски инвестиции.

Колку за пример, катарските инвеститори купиле голем дел во ВТБ Банката која е со руска државна сопственост, како и дел во аеродромите Пулкови и Санкт Петербург.

А на крајот на минатата година приватизирано е 19.5 од акциите на Роснефт, кој е во сопственост на Русија. Купувачи биле швајцарската трговска компанија Гленкор и Катарското ивестициско тело. Тоа на рускиот буџет му донело 700 милијарди рубњи ( 12 милијарди долари), што му овозможи на руското министерство за економија да го избегне повлекување на раката во државните резерви како би се финансирало од државниот буџет.

Освен тоа, Катар, Русија и Иран представуваат земји со најголеми резерви на природен гас . Катар со Иран го дели најголемото гасно поле на светот. Северната купола и Јужниот Парс. Седиштетот на Форумот на земјите извознички на гас, основано во 2008 година, се наоѓа во Доха. Не е изненадувачко тоа што Катар, Иран и Русија пердставуваат главни лобисти за формирање на таканаречен “Гасен ОПЕК“, против кого активно дејствуваат Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, и САД.

Саудиска Арабија, подеднакво е важен енергетски партнер на Москва, барем во погледот на одржување на договорот за количината на производство на нафта. Во текот на вечерата од одржувањето на мајскиот самит на ОПЕК, во Виена министрите за енергетика на Русија и Саудиска Арабија, Александар Новак и Калид ал-Фалих, се согласиле да го стабилизираат пазарот на нафта и продолжат претходниот договор за ограничување на производството на нафта до март 2018 година.

За Кремљ овие договори исклучително се важни без оглед на тоа дали рускиот буџет зависи од цените на нафтата и дека се последица на тешки и долготрајни преговори со Саудијците.

Меѓутоа, договорите постигнати во рамките на ОПЕК не се обврзувачки и имаат природен договор меѓу господата. Зради тоа, со оглед на клучната улога на Саудиска Арабија во ОПЕК, за Москва е исклучително важно за одржување на партнерството со Ријад. Голема причина за тоа е дефицитот на рускиот буџет, кој најмногу зафиси од цените на нафтата.

Морална подршка од Кремљ

И покрај фактот дека Русија зазеде неутрална позиција од самиот почеток на спорот, таа и понатаму повеќе е склона кона Катар отколку кон Саудиска Арабија и нејзините сојузници. Во текот на минатата недела Москва и Доха одржаа блиски дијало на сите нивоа.

Веќе на 5.јуни заменик на рускиот министер за надворешни работи и специјален представник на претседателот Владимир Путин за Блискиот исток и Африка го прими Фахид Ал Атијах, амбасадор на Катар во Москва. Следниот ден одржан е телефонски разговор помеѓу Владимир Путин и катарскиот емир, шеикот Тамим бин Хамад Ал Тани, во текот на кој рускиот претседател ја нагласил потребата за постигнување на политичко решение за судирот.

Веднаш после тоа, рускиот министер за економија Џамбулат Катуов ја најавил подготвеноста на Москва да започне со снабдување на Катар со храна. На крајот на 10.јуни катарскиот министер за надворешни работи Мохаммед бин Абдулрахман Ал Тани пристигнал во Москва на средба со Сергеј Лавров.

Таков активен дијалог помеѓу Катар и Русија суштина е на спротивноста на недостатокот на дијалог за кризата во ГЦЦ помеѓу Москва и спротивните страни од овој конфликт, Саудиска Арабија и ОАЕ.

 




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


eight + = 13

%d bloggers like this: