20170614_2_24239117_23161929_Web (Copy)

(Фото/Видео) Чавушоглу во Катар: Не сакаме криза меѓу братските земји

ДОХА (AA) – Министерот за надворешни работи на Турција Мевлут Чавушоглу денеска во придружба на министерот за економија Нихат Зејкбекчи допатува во официјална посета на Катар, јавува Anadolu Agency (AA).

20170614_2_24239465_23162564_Web (Copy)

Чавушоглу на новинарите на аеродромот во Доха им рече дека Турција се солидализира со Карар кој се соочува со дипломатска криза, додавајќи дека дошол во посета во таа земја за да се изнајде решение за кризата помеѓу Катар и некои земји од Заливот.

Нагласи дека Турција и Катар имаат многу добри односи во многу области.

„Катар е братска земја, а жителите на Катар се наши браќа. Односите помеѓу претседателот Реџеп Таип Ердоган и емирот на Катар Тамим бин Хамад Ал Тани се за пример. Моментално постои криза. Турција и Ердоган прават се што е во нивна моќ да го решат ова прашање. Затоа сум денеска во посета на оваа земја. Дојдовме тука за да ја покажеме нашата солидарност и за да изнајдеме решение за проблемите помеѓу Катар и некои земји на Советот за соработка во Заливот (GCC)”, рече Чавушоглу.

На прашањето за политиката на Катар по појавата на кризата, Чавушоглу рече дека Доха заземала мирен став.

„Секој со кого разговарав тврди дека Катар зазел мирен став и дека не поттикнувал тензии. Сите го ценат тоа што дополнително не се поттикнувани тензии”, рече Чавушоглу.

На новинарско прашање за поддршката на Турција на Катар, изјави дека тоа не значи дека Турција се приклонила кон една страна.

„Тоа не значи дека сме против некој или дека се приклонување на некој друг. Ако постои нешто погрешно ние мораме да предупредиме на тоа. Но самото обрнување внимание на грешките не го решава проблемот. Проблемот мора да го решиме. Не сакаме ваква ситуација меѓу братските земји”, рече турскиот шеф на дипломатијата.

Планирано е во текот на посетата турскиот шеф на дипломатијата да се состане со министерот за надворешни работи на Катар Мохамед бин Андулрахман Ал Тани и емирот на Катар Тамим бин Хамад Ал Тани.

Потсетуваме, Саудиска Арабија, УАЕ, Бахреин, Египет и Јемен на 5. јуни соопштија дека ги прекинуваат сите дипломатски односи со Катар кој го обвинуваат дека поддржува тероризам. На дипломатите на Катар им е наложено во рок од 48 часа да ја напуштат Саудиска Арабија, УАЕ, Бахреин, кои за таа земја ги затворија и своите воздушни простори.

20170614_2_24239465_23162569_Web (Copy)




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


three + 9 =

%d bloggers like this: