izraelski-list-haaretz-otkriva-netanyahu-se-potajno-sastao-sa-sisijem-u-kairu-kako-bi-dogovorili-plan-egipatskog-priznavanja-izraela-kao-zidovske-drzave_1029_1319

Израелски Haaretz открива: Тајна средба на Нетанјаху и Сиси, се подготвува египетско признавање на Израел како еврејска држава

Како пшува израелскиот дневен весникHaaretz,, египетскиот претседател Абдел Афат ел-Сиси минатата година тајно се сретнал во Каиро со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, како што се наведува во текстот двајцата разговарале за планот од египетско признавање на Израел како еврејска држава. Исто таа се наведува дека на состанокот бил присутен и лидерот на израелската опозиција, Исаак Херцог, претседател на партијата Ционистичка унија.

Тајниот состанок во неговото организирање го помогнале неколку арапски земји. Состанокот е одржан после одржувањето на тајниот состанок во јорданскиот град Акаба во фебруари 2016 година, на кој присуствувале Сиси, Нетанјаху, јорданскиот крал Абдулах 2-ри и американскиот државен секретар Џон Кери.

Извори исто така наведуваат дека Нетанјаху сакал да ја предводи ова регионална иницијатива со Јордан и Египет како и САД кој се вклучил подоцна. Нетанјаху побарал одржување на јавен самит на кој покрај споменатите, исто така би присуствувале и високи представници на Саудиска Арабија, Емиратите и другите сунитски земји.

Сепак неофицијално се дознава дека нитуе една друга сунитска земја не се согласиле да учествуваат на таков еден самит, особено Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати, кои сеуште немаат дипломатски односи со Израел.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


+ eight = 10

%d bloggers like this: