cist vozduh

(Фото Галерија) Стружани на трет граѓански марш за чист воздух

Денес со почеток од 12.00 часот, во организација на граѓанската иницијатива “Доста е “ , загружени за моменталната состојба на градската депонија која секојдневно ја загадува и претставува опасност по здравејот на луѓето и пред сё околината во која живеат жителите на Струга, како и оние од околните блиски населби, преку третиот марш уште еднаш го искажаа своето незадоволство од нерешавањето на овој сериозен проблем, кој корени влечи уште од пред неколку години наназад, а како сериозен проблем сериозно се наметнува во период кој ни предстои.

IMG_8488 (Copy)

На денешниот трет марш, свое излагање има бројни представници на еколкошки друшт,а доктори, како и граѓани кои своето мислење за ваквата состоја сакаа да го споделат пред присутните граѓани и укажат на сериозноста од неговата опасност, како и потребата од итно решавањем, односно дислоцирање на овој загадувач на животната средина и потенцијален извор на смрт, како што знаеја некои од излагачите на овој собир да напоменат.

Од местото на тргунање, според предвидениот план за движење на маршот, граѓаните се упатија пред зградата на Општина Струга, каде преку излагање на други представници ги повикаа локалните власти, еднаш за секогаш да излезат од нивните канцеларии и решат овој долгогодишен проблем, кој представува опасност и за нивните деца. Пред дворот на зградата беше изведен перформанс на флрање и палење на ѓубре.

“Ние го чувствуваме и дишеме секојдневно овој загаден воздух, нека малку и овие општински власти го пичувствуваат како изгледа мирисот на градската депонија, се разбира ова е за кратко и че им помине, ама за кратко време доаѓа Октомври, месец кога ќе ја бараат довербата на граѓаните за време на локалните избори.

А, дали ќе ја добијат, тоа  го знаат самите граѓани, бидејќи ова што денес ни се случува, како и нивното не помрднување со прст, едноставно може да укаже дека граѓаните нема а ниту сакаат да им ја дадат довербата на луѓе кои воопшто не се грижат за она што им се случува околу нив, беше изнесено на собирот пред просториите на општинската зграда.

Во текот на маршот своето незадоволство присутните граѓани го искажаа и зградата на Основниот суд во Струга, каде беше побарана средба и со Јавниот обвинител и од кого беше побарано одговор за поднесените кривични пријави од страна на ова граѓанска иницијатива.

Иако побаравме  средба, сепак нашиот Јавен обвинител не најде за сходоно да излезе пред нас и произнесе за нашите поднесени барања, очигледно е дека нё игнорира, меѓутоа ние продолжуваме понатаму и се разбира ќе бараме и одговорност и за тие кои не си ја вршат својата функција согласно законите во ова држава – порачаа од граѓанската иницијатива притоа најавувајќи дека продолжуваат и понатаму сё до решавањето на овој горчлив проблем, и притоа уште еднаш ги повикаа граѓаните на масовно присуство со што му се дало до знаење на локалните власти како и оние од повисоките иснтанци дека нема да застанат во решавањето на овој проблем.

Во продолжение Ви пренесуваме дел од забележаните фотографии о денешниот марш, како и моменталната состојба на градската депонија која и денес гореше, како и околните населби Враништа и Велешта, каде во делови покрај непријатниот мирис деловите од населбите изгледаа како да се под магла…

IMG_8400 (Copy) IMG_8403 (Copy) IMG_8404 (Copy) IMG_8405 (Copy) IMG_8407 (Copy) IMG_8408 (Copy) IMG_8411 (Copy) IMG_8414 (Copy) IMG_8417 (Copy) IMG_8418 (Copy) IMG_8420 (Copy) IMG_8421 (Copy) IMG_8424 (Copy) IMG_8426 (Copy) IMG_8431 (Copy) IMG_8433 (Copy) IMG_8434 (Copy) IMG_8438 (Copy) IMG_8439 (Copy) IMG_8440 (Copy) IMG_8442 (Copy) IMG_8444 (Copy) IMG_8448 (Copy) IMG_8450 (Copy) IMG_8455 (Copy) IMG_8456 (Copy) IMG_8458 (Copy) IMG_8460 (Copy) IMG_8461 (Copy) IMG_8462 (Copy) IMG_8463 (Copy) IMG_8464 (Copy) IMG_8465 (Copy) IMG_8467 (Copy) IMG_8471 (Copy) IMG_8472 (Copy) IMG_8473 (Copy) IMG_8474 (Copy) IMG_8476 (Copy) IMG_8477 (Copy)  IMG_8479 (Copy) IMG_8481 (Copy)IMG_8491 (Copy) IMG_8494 (Copy)




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


7 × = sixty three

%d bloggers like this: