nikoloskiposeta

Министерот Николовски го посети скопскиот регион кој беше погоден од невремето

– По силното невреме што вчера го зафати скопско – кумановскиот регион, веднаш, утрово побаравме официјална информација од Управата за хидрометеоролошки работи врз основа на која ќе ја почнеме постапката за формирање на Kомисии за увид на состојбата и за проценка на штети врз земјоделските капацитети,  посочи министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.

-Денеска исто така дадов и налог, вработените од подрачните единици на министерството, да излезат на терен и до утре да достават првичен увид за настанатите штети. Од теренскиот увид комисиите ќе изготват записници, кои ќе бидат доставени до Секторот за анализа на земјоделска политика во МЗШВ. Секторот, записниците ќе ги проследи до Бирото за судски вештачења, кое ќе изготви извештаи со проценка на настаната штета поединечно за секој барател, информираше Николовски.

19144137_1987760948112101_3248304731510330797_o

19143876_1987761061445423_7219351583245332760_o

ljupcho

19092993_1987760944778768_1756684459334740147_o

19221591_1987761068112089_4781527561381717910_o

19221896_1987761064778756_6691201274665382710_o




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


9 + two =

%d bloggers like this: