19060212_1324599637593463_4421241781267810514_n

Отворена новата фабрика на „Адиент“ во ТИРЗ – Струмица

Во присуство на претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, министерот за танспорт и врски, Горан Сугаревски, пратеници во Собранието на Република Македонија и други гости, денес во Технолошко-индустриската развојна зона – Струмица, во близина на Свидовица, свечено беше отворена новата фабрика за производство на навлаки за автомобилски седишта на компанијата „Адиент“.

19113964_1324599754260118_474523611211792929_n

19113786_1324599854260108_1512548162058188617_n

19105629_1324599764260117_1295254336587307389_n

Новата фабрика се простира на површина од 12.500 метри квадратни и е опремена со современа технологија за производство, а навлаките за автомобилски седишта со знакот на „Адиент“ ќе бидат наменети за потребите на клиентите од европскиот пазар.

19149107_1324600034260090_5502854207524171873_n

На отворањето на фабриката присуствуваа и претставници од Општина Струмица, предводени од в.д. градоначалникот Костадин Костадинов и претседателот на Советот на општина Струмица, Јосиф Христов.

19149247_1324599630926797_5348985569396688982_n




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


2 × three =

%d bloggers like this: