marinlepen

Европскиот парламент го укина имунитетот на Марин Ле Пен

ПАРИЗ (АА) – Европскиот парламент денес на барање на француските обвинители го укина имунитетот на лидерката на десничарската партија Национален фронт, Марин Ле Пен, јавува Anadolu Agency (AA).

Укинувањето на нејзиниот парламентарен имунитет се однесува на случајот за клевета, поднесен од страна на градоначалникот на Ница, Кристијан Естроси.

Овој случај е поднесен во мај 2015 година, кога Ле Пен во една дебата го обвини Естроси за финансирање на Унијата на исламски организации на Франција со тоа што обезбедил имот да се користи како џамија за многу ниска кирија.

Ова е третпат Ле Пен да се соочува со барања за укинување на нејзиниот парламентарен имунитет.

Сличен случај се појави и во април, кој се однесува на посебна истрага во врска со наводните лажни работни места на парламентарните асистенти на партијата Национален фронт. Тоа барање сѐ уште се процесуира.

Ле Пен, која не присуствуваше на гласачката сесија, моментално спроведува кампања пред парламентарните избори во Франција, кои се закажани за в недела.

Доколку биде избрана за француски пратеник, десничарската лидерка ќе мора да го напушти Европскиот парламент, каде што беше член од 2004 година.

Европскиот парламент вчера исто така го укина имунитетот на двајца други пратеници од партијата Национален фронт, Мајлин Тросзкински и Жан-Мари Ле Пен, таткото на Марин Ле Пен.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


2 × seven =

%d bloggers like this: