20170615_2_24249971_23179338_Web (Copy)

Путин: Русија ја надминува рецесијата

МОСКВА (АА) – Претседателот на Русија, Владимир Путин, денеска соопшти дека руската економија ја надминала рецесијата, пренесува Anadolu Agency (AA).

20170615_2_24251488_23181754_Web (Copy)

Путин во телевизиското обраќање до нацијата рече дека кризата е готова, укажувајќи на економскиот раст на земјата во изминатите девет месеци.

Тој исто така укажа на ниската инфлација и растот на девизните резерви.

Путин призна дека руската економија сѐ уште е зависна од извозот на суровини, но истакна дека извозот на неергентските стоки е во пораст.

Русија влезе во рецесија поради комбинираниот удар на западните санкции и падот на цените на нафтата.

Санкциите кон Русија беа воведени поради нејзиното анектирање на Кримскиот Полуостров и поради нејзината поддршка на бунтовниците во источниот дел на Украина.

20170615_2_24251488_23181755_Web (Copy)




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


6 × = thirty

%d bloggers like this: