banglades

Бомбашки напад во Могадишу, загинаа најмалку 17 лица

МОГАДИШУ (АА) – Најмалку 17 лица загинаа во синоќешниот бомбашки напад во ресторан во центарот на главниот град на Сомалија, Могадишу, јавува Anadolu Agency (AA).

Официјален претставник на полицијата, Мохамед Хусеин, утринава изјави дека бомбашот-самоубиец изврши напад со активирање на автомобил-бомба пред ресторан каде што гостите биле претежно млади.

Во соопштението се наведува дека во нападот загинаа најмалку 17, а повеќе лица се повредени.

Хусеин исто така информира дека група вооружени милитанти потоа ги заробиле гостите од ресторанот, но војската на Сомалија набрзо реагирала и успеа да ги ослободи.

Поголем број повредени се згрижени во болниците. Синоќешниот напад е дело на терористичката група Ал-Шабааб, соопшти полицаецот Хусеин.

 

 




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


two + = 11

%d bloggers like this: