20170615_2_24246442_23173483_Web (Copy)

Mуслиманската заедница во САД загрижена поради кризата во Заливот

ЧИКАГО (АА) – Генералниот секретар на Советот на муслиманските организации во Соединетите Американски Држави (USCM), Осама Џамал, изјави дека актуелната криза во односите меѓу земјите од Заливот и Катар е загрижувачка и дека сите проблеми треба да се решаваат преку преговори во периодот кога на муслиманите и на исламскиот свет им е потребно единството најмногу од кога било досега, јавува Anadolu Agency (AA).

20170615_2_24246442_23173478_Web (Copy)

Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Бахреин, Египет и Јемен минатата недела ги прекинаа сите дипломатски односи и ги блокираа копнените граници, воздушниот и поморскиот простор на Катар, кого го обвинуваат за поддршка на тероризмот, а лидерот на муслиманската заедница во Америка, Џaмал, во разговор со новинарот на АА истакна дека оваа криза за никого, особено за муслиманите нема да донесе никаква корист.

Џaмал по синоќешниот традиционален ифтар во Чикаго за АА рече дека во овој контекст уште повеќе е разочарувачки фактот дека кризата тргнала од Саудиска Арабија, каде што постојат свети места и која би требало да биде предводник во муслиманскиот свет, како и тоа дека кризата избувнала за време на месецот Рамазан.

„Катар е земја која го штити мирот и правдата, ги почитува човековите права, ги зближува луѓето и се бори за решавање на проблемите на муслиманите во светот. Несфатливо е за што сега се обвинува оваа земја. Во оваа ситуација, може да се пофали само храбриот став и иницијативите кои ги покренува турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган“, рече Џaмал.

Истакнувајќи дека турските власти постојано ги прават потребните и правилните потези кога станува збор за проблемите во регионот, Џaмал истакна дека напорите што земјата ги вложува во обединување на муслиманите инспирира доверба кај глобалната муслиманска заедница.

„Се надеваме дека во наредниот период, сите проблеми ќе бидат решени преку преговори и по мирен пат, дека муслиманската заедница ќе ги остави на страна меѓусебните разлики, и дека ќе работат за да го зајакнат своето единство“, рече Џaмал.

Истакнувајќи дека секој ден во целиот свет илјадници муслимани умираат поради различни проблеми, Џaмал рече дека одговорните земји мора да имаат чувство за својата одговорност и да работат на подобрување на животот на таа заедница.

Тој ја коментираше и кризата во Јемен, каде што веќе три години владее граѓанска војна и луѓето умираат од глад и колера, и истакна дека не може да се разбере како членките на Советот за заливска соработка не можат да најдат заеднички став за потребата од итно запирање на егзодусот во Јемен, а може да се обединат околу еден измислен проблем во Катар.

„Муслиманските земји мора итно да ги стават настрана индивидуалните разлики и да се обединат во решавањето на актуелната криза. Непреземањето одговорност за спречување на страдањето на невините луѓе во Јемен, Сирија, Либија и Ирак, е крајно срамно“, заклучи Џaмал.

20170615_2_24246442_23173482_Web (Copy) 20170615_2_24246442_23173483_Web (Copy) 20170615_2_24246442_23173485_Web (Copy)




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


5 × two =

%d bloggers like this: