F1

САД се согласија за 12 милијарди долари на Катар да му продадат авиони од типот F-15

ДОХА (АА) – Доха вчера постигна договор со Вашингтон за купување борбени авиони F-15 во вредност од 12 милијарди долари, изјави катарскиот министер за одбрана Калид Ал Атијах, јавува Anadolu Agency (AA).

„Ал Атијах и неговиот американски колега Џејмс Матис потпишаа договор во Вашингтон“, наведува катарската државна новинска агенција.

Пентагон во соопштението изјави дека договорот ќе му „даде на Катар најсовремена способност и ќе ја зголеми безбедносната соработка и интероперабилноста меѓу САД и Катар“.

Конгресот на САД уште минатата година даде согласност за продажба на авиони на Катар, додека до последниот договор дојде по неодамнешната криза во заливот меѓу неколку арапски земји и Доха.

Два американски воени брода стигнаа вчера во катарското пристаниште Хамас, за да спроведат заедничка воена вежба, но деталите не се објавени. Минатата недела Саудиска Арабија, Египет, ОАЕ, Бахреин и Јемен ги прекинаа врските со Катар, обвинувајќи ја Доха дека го поддржува тероризмот. Катар ги негираше таквите наводи и дипломатската изолација ја нарече неоправдана.

Турција објави дека таа е против санкциите на малата заливска земја и го повика Ријад да преземе водечка улога во решавањето на настанатата криза.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


8 − six =

%d bloggers like this: