0258e6faf2f54047b4d10424849e5dfb_18

Американски воени бродови на вежби во Катар

Два бродови на Американската пристигнале во Доха како би учествувале во заедничка воена вежба со Катарската морнарица на неколку денови откако американскиот претседател Донал Трамп го овини Катар дека “ тероризмот го финансирал на високо ниво“.

Катар е домаќин на најголемата американска воена база на Блискиот исток. Повеќе од 11.000 војници служат во воената база ал-Удеид. Повеќе од 100 авиони полетуваат од таа база.

Катарската новинска агенција ова вест за доаѓањето на бродовите ја објави во време кога Катар потпиша договор за купување на борбени авиони Ф-15 иод САД, вредни 12 милијарди долари.

Договорот го потпишале катарскиот и американскиот министер за одбрана Калид Ал Атијах и Џим Маттис во Вашингтон.

Не е јасно дали доаѓањето на двата воени бродови во Доха планиран е пред кризата во Заливот или пак тоа е знак на подршка од страна на Пентагон.

Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Египет и Бахреин и уште неколку држави ги прекинаа дипломатските односи со Катар минатиот понеделник, обвинувајќи го дека  подржува вооружени групи и Иран.

Катар, од друга страна во повеќе наврати ги отфрли сите тврдења.

Затварање на воздушниот простор

Саудиска Арабија исто така ја затвори границата со Катар. Таа е единствена копнена граница која Катар ја има.

Освен тоа, затварањето на саудискиот, бахреинскиот и емиратскиот воздушен простор за летовите на катарските авиокомпании, го попречува авиосообраќајот и увоз на стока.

Пентагон минатата недела повторно го пофали Катар заради фактот што е домаќин на американската воздушна база, како и заради посветеноста на безбедноста“.

Ваквиот став на Пентагон се разликува од коментарите на претседателот Трамп. “ Државата Катар, за жал, во минатото на високо ниво го финансираше тероризмот“, изјавил Трамп претходно овој месец.

“Мораме да го сопреме финансирањето на тероризмот. Дојде време да апелираме до Катар да прекине со таквото финансирање“.

 

 




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


− 7 = two

%d bloggers like this: