20170615084543_41458

ЗЕМЈОТРЕСИТЕ ВО ЕГЕЈСКОТО МОРЕ ВЕШТАЧКИ ПРЕДИЗВИКАНИ ОД СТРАНСКИ СИЛИ

Градоначалникот на Анкара Мелих Гокчек ги обвини странските сили дека вештачки предизвикале разорен земјотрес која се случи на 12.јуни во западниот дел на Турција и грчките острови.

Во еден од своите твитови кои ги објавил, градоначалникот на Анкара напишал:

-Сега мислам дека ова би можело да биде вештачки земјотрес. Не велам дека е сигурно, туку дека тоа е многу сериозна можност, велам дека тоа дефинитивно треба да се испита. Дали имало бродови кои извршувале сеизмички истражувања во близина на епицентарот? Ако е така, тогаш на која земја тие и припаѓаат? – запрашал тој.

Инаку, Гокќек градоначалник на Анкара е веќе 20 години, избран е по пет-ти пат по ред.

Тој исто така поставил неколку видео снимки на турски јазик во кои зборува за Програмата на активно арурално истражување на висока фреквенција. (ХААРП) кој го развило американското воздухопловство, морнарицата и ДАРПА – и које е извор на разни теории на заговор кои тврдат дека тоа е уред кој го контролира времето.

Ова не е прв пат тој да изнесе вакви тврдења за вештачки земјотреси.

Во фебруари, тој изнел слични коментари после низата на потреси во западната турска провинција Чанаккале, пренесува Hurriet Daily News.

Тој наведил дека тие потреси биле координирани со напори на странски сили да ја уништат турската економија.

- Денес силен земјотрес го погоди Чанакале. Истражував и изгледа дека еден брод за сеизмички истражувања бил во тоа подрачје.

- Под итно треба да се утврди предметот на истражување на тој брод и на која земја и` припаѓа. Загрижен сум заради можен земјотрес кој би можел да биде предизвикан вештачки. Ова треба дефинитивно да се истражи и јавно објави.





Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


− two = 3

%d bloggers like this: