Вечерва нешто пред 22.00 часот на регионалниот пат Струга-Дебар во делот на населба Велешта, дојде до предизвикување на сообраќајна несреќа во која учествувале три моторини возила, автомобил марка Лада со регистерски таблички на Општина Вевчани, патничко моторно возило Форд Фокус со регистерски таблички на Општина Струга, и камион со регистерски таблички на Општина Струга кој во моментите на несреќата превезувал (бил натоварен) со дрва.
Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица во Струга, како би се утврдиле причините за самата несреќа. Според неофицијалните извори, моментално нема посериозно повредени, а причинета е поголема материјална штета.
Фото:Р.С / Дубаи Портал