20170615105906_18347

СКАРАЈ, ВООРУЖИ,ПА ВЛАДЕЈ : САД и Катар потпишаа договор од 12 милијарди долари за продажба на Ф-15 авиони

Американскиот министер за одбрана Џејмс Матис и неговиот катарски колега Калид Ал-Атија потпишале договор вреден 12 милијарди долари за продажба на борбени авиони Ф-15 на Катар, соопшти синоќа Пентагон.

Договорот е потпишан во екот на регионалната дипломатска криза околу Катар, на кого неговите заливски соседи, меѓу кои и Саудиска Арабија го обвинуваат дека го подржува тероризмот.

Продажбата вредна 12 милијарди долари на Катар ќе му обезбеди модерна технологија и зголеме безбедносната соработка на САД и Катар“ потврдило американското министерство за одбрано.

Ова објава уследила на десет дена откако група на арапски држави на чело со Саудиска Арабија и Египет ги прекинаа дипломатските односи со Катар, и изолираа од копно и воздух, обвинувајќи го дека финансира исламскиот екстремизам и дека ја негува соработката со шиитскиот Иран. Од друга страна Катар ги отфрли сите обвинувања.

Претседателот на САД Донал Трамп ја подржа стратегијата на изолација на Катар која ја покрена Саудиска Арабија, ама други американски представници спрема тој став покажале поголема воздржаност и повикаа на дијалог.

Повеќе земји кренаа во дипломатска акција во изнаоѓање на решение за порастот на тензиите во Заливот. Покрај САД, дипломатски напори во таа смисла водат Турција, Кувајт и Франција.

Агенцијата АП наведува дека договорот за американската продажба на борбени авиони Ф-15 на Катар и посетата на два американски воени бродови на Доха укажува на витални воени врски кои Вашингтон ги одржува со ова земја во центарот на спорот со другите арапски држави.

Командантот на Пета-та флота на американската воена морнарица Бил Урбан за агенцијата АП изјавил дека два борбени бродови на американската воена морнарица биле во “рутинска посета на пристаниште “ во Доха.

Во Катар стационирани се 10.000 американски војници и голема американска воена база. Во таа база се наоѓа и седиштетот на американската централна команда која управува со операциите против групата Исламска држава. Американскиот и Катарскиот министер за одбрана, Матис и Ал-Атија, во текот на вчерашната средба исто така разговарале и за безбедносните прашања, меѓу кои и за заканите од страна на Исламската држава и за важноста да се ублажат тензиите во регионот со што сите партнери во Заливот би можеле да се концентрираат на наредните “фази потребни да остварат заедничка цел“, се наведува во соопштението на американското министерство за одбрана.

Пентагон не објавил никакви други детал за продажбата . Според агенцијата Блумберг, станува збор за 36 авиони Ф-15.

 





Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


+ 7 = eight

%d bloggers like this: