саудиски конвој

ЈЕМЕН: Нападнат Саудиски хуманитарен конвој

Припадниците на шиитска милиција (хути) денес  го бомбардирале Саудискиот хуманитарен конвој кој на 13.јуни тргна со хуманитарна помош за граѓаните на градот Мариб.

Како што е потврдено во соопштението, во овој напад на хуманитарниот конвој во организација на Кралот Салман и Центарот за помош (KSrelief) погодени биле три камиони кои денес рано утринава требале да пристигнат во Мариб.

“Надлежните екипо во коалицијата за подршка на законитоста во Јемен започнаа со испитување на инцидентот. Прелиминарните докази посочуваат дека импровизирана експлозивна направа била поставена на местото каде што застанале камионите“, потврди (KSrelief)

Во соопштението исто така наведено е дека три камениони биле бомбардирани во 1:00 часот (четврток) по локално време во Јемен, кога се вршел истовар на помошта во храна во градот Мариб. Како резултат на експлозијата, камионите се запалиле и целосно уништиле хуманитарната помош која тековно била обезбедена од страна на (KSrelief).

Од (KSrelief) истакнале дека таквиот ицидент нема да влијае на процесот на дистрибуција на хуманитарната помош за жителите на Јемен.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


five × = 40

%d bloggers like this: