anadolija

Приказната на новинарот на АА наградена на конкурсот за професионално известување

СКОПЈЕ (АА) – На новинарот на турската новинска агенција Anadolu Agency (AA) во Скопје, при Сервисот на македонски и Сервисот на албански јазик, Адмир Фазлагиќ, му припадна II место за написот под наслов „Слепиот сириски бегалец Леис: Музиката е мојот живот“, од конкурсот за „Награда за професионално известување за состојбата на бегалците при мешаните миграциски движења за 2016 година во Македонија“, пренесува Anadolu Agency (AA).

Конкурсот е во организација на Македонското здружение на млади правници во соработка со Канцеларијата на високиот комесаријат за бегалци на Обединетите Нации (УНХЦР) во Скопје и Здружението на новинари на Македонија.

Во рамките на конкурсот се доделуваат награди во три катеории: натпис или серија натписи, емисија, прилог или краток документарец и фотографија.

Организаторите на конкурсот се заблагодарија на сите учесници кои се пријавијa на објавениот повик за нивниот придонес кон информирањето на јавноста и подигнувањето на јавната свест на граѓаните за состојбата на бегалците во Република Македонија.

Најавено е дека наградите на добитниците ќе им бидат доделени на 20 јуни, на Светскиот ден на бегалците.

- Приказната за слепиот бегалец кому музиката му е живот

Република Македонија од самиот почеток на бегалската и мигрантската криза е неизбежна станица на многуте бегалци коишто доаѓаат од земјите од Блискиот Исток и Северна Африка, бегајќи од тешката војна, во потрага по безбедно засолниште и подобро утре.

Еден од тие илјадници бегалци е младиот Леис од Сирија. Само што ја помина македонската јужна граница, седна да ги провери својот куфер, во кој меѓу другите лични работи, за најважни ги смета своите музички инструменти, лаута и флејта.

И покрај тоа што е слеп, не му претставувше проблем да ужива свирејќи на своите омилени музички инструменти. Напротив, тој му противречи на слепилото, така што, музицирајќи, вели го доживува светот околу себе.

Во разговор за Anadolu Agency (АА), овој млад сириец кој вели дека флејтата и лаутата се дел од неговиот живот и дека ниту еден ден не би можел да го замисли без нив. Најппрвин, открива тој, од својата осма година почнал да свири на лаута, а после одредено време и на флејта.





Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


7 + three =

%d bloggers like this: