NIGERIJA

Во Нигерија не се школуваат 11 милиони деца

АБУЏА (АА) – Пратеникот на ОН за глобално образование, Гордон Браун, изјави дека речиси 11 милиони деца во Нигерија не се школуваат поради внатрешните судири и сиромаштијата во таа африканска земја, пренесува Anadolu Agency (AA).

Браун истакна дека кризата е најизразена во североисточниот дел на земјата, и за нигериската новинска агенција „NAN“ (НАН) изјави дека ОН ќе продолжи да ги поддржува локалните власти во подобрувањето на образовните услови и во интеграцијата на децата во образовниот систем.

Браун, кој е официјално лице на ОН и поранешен премиер на Велика Британија, исто така изјави дека девојчињата во Нигерија се соочуваат со многу препреки во образовниот систем и дека се жртви на чести киднапирања во училиштата.

Претседателот на нигерискиот Сенат, Букола Сараки, исто така укажа на проблемот што милиони деца не одат на училиште во таа земја и предупреди дека секое необразовано дете е „темпирана бомба“.

Најголем проблем во образовниот систем на Нигерија е сиромаштијата и безбедносните проблеми што ги предизвикува терористичката организација Боко Харам.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


5 × three =

%d bloggers like this: