ЗНМ: Остра осуда на смртните закани кон Тричковски

Здружението на новинари на Македонија остро ги осудува смртните закани против новинарот Бранко Тричковски што ги упати актерот Тони Михајловски, кој денеска на неговиот Фејсбук профил напиша дека би можел да го убие Тричковски без да му трепне око.

20170616_122838-1024x764

Говорот на омраза и повикувањето на насилство против новинари е апсолутно неприфатливо и претставува директен напад врз слободата на говорот. Смртните закани имаат за цел да ги вознемират новинарите и да се замолчи критиката во медиумите.

Јавно повикуваме да престанат сите видови на закани и притисоци против новинарите затоа што ваквиот насилнички говор не може да се смета како слобода на изразување, туку е тешко кривично дело кое се казнува со затвор.

ЗНМ наредната недела до Јавното обвинителство ќе достави писмено барање за кривично гонење на Михајловски според членовите 144 и 394-Г од Кривичниот законик. Се надеваме дека обвинителството ќе ги цени нашите докази и ќе покрене истрага против Михајловски.

Новата влада има законска и морална одговорност јавно да ги осуди ваквите закани и да воспостави ефикасен систем за казнување на насилството против новинарите. Одговорност на владата е да гарантира безбедна средина за работата на новинарите, стои во соопштението од ЗНМ.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


+ seven = 13

%d bloggers like this: