tarvari

Таравари:Тодоров ден пред заминување ги поскапел лековите, неговата одлука е поништена

Се укинува решението за дополнување на новите референтни цени на лековите, објави денеска на прес-конференција министерот за здравство Арбен Таравари.

„Ова дополнување на постојната одлука го потпишал поранешниот министер за здравство Никола Тодоров само еден ден пред примопредавањето на министерскиот кабинет, а новите поскапи цени на лековите требало да стапат на сила од денеска“, изјави Таравари.

Тој објасни дека спречил од денеска пациентите да плаќаат поголеми цени на повеќе од сто лекови кои се на референтната листа на  Фондот за здравство.

„Ваквата одлука значела дека Фондот ќе плаќа помала сума при набавката на лековите од производителите, а разликата во цената ќе требаше да ја доплаќаат пациентите од својот џеб. Тоа можеби е незначително за секојдневните лекови кои чинат малку, но е значителна сума за поскапите лекови кои чинат и по илјадници денари“, појасни Таравари.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


+ nine = 13

%d bloggers like this: