2015_9_4-Egyptian-President-Abdel-Fattah-al-Sisi-e1497535320988

Сиси побарал од Саудиска Арабија да ја блокира и Турција

Египетскиот претседател ги повикал сојузниците во Заливот кои Катар го ставија под економска и дипломатска блокада на ист начин да ја блокираат и Турција, известил порталот New Arab.

Според наведениот портал, Абдел Фатах Сиси ги повикал заливските лидери својот бојкот да го прошират и на Турција сё додека Анкара не се откаже од давањето на подршка на Катар, бидејќи смета дека тоа ќе го зголеми притисокот врз Катар и и принуди Доха позотивно да одговори на барањето на земјите кои ја блокираат, со што ќе се забрза прекинувањето на опасадат.

Сиси овој предлог го изложил во текот на состанокот со кралот на Бахреин Хамад бин Иса Ал- Калифа, минатиот четврток во Каиро. Истиот извор тврди дека во таа прилика Сиси ја обвинил Турција за финансирање и помагање на групи класифицирани како терористички, слини како Муслиманското братство и некои други групи во Сирија. Сепак Сиси не добил одговор на овој негов предлог, меѓутоа земјите од Заливот, истакнува изворот, заинтересирани се барем да ја наутрализираат Турција од помагање на Катар во кризата.

После посетата на Саудиска Арабија и Египет, кралот на Бахреин го испратил својот министер за надворешни работи Калид бин Амад бин Мохаммед Ал Калифа во Турција да се сретне со претседателот Реџеп Таип Ердоган во обид да се ублажат судирите – посебно  светло на договорот по кој Анкара ќе испрати свои војници во Доха.

Египет сака ескалација со Турција како би ми се осветил на Ердоган заради острите критики на сметка на поранешниот египетски режим, кој го собори од власт првиот демократски избран претседател, Мохамед Морси, по пат на воен удар.

Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, кој по распоред го посети Катар, изјавил дека неговата влада има за цел да ја заштити безбедноста во рехионот како целина, а не само безбедноста на некои одредени земји и додал дека се надева дека спорот со Катар ќе се реши пред крајот на месец Рамазан.

 

 




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


7 − two =

%d bloggers like this: