20170616_2_24271438_23212668_Web (Copy)

(Видео/Фото) Сирија: По три месеци, во Телбиса влезе првиот хуманитарен конвој

ХОМС/АНКАРА (АА) – Во местото Телбиса, на подрачјето на сириската област Хомс, по три месеци пристигна првата хуманитарна помош, јавува Anadolu Agency (AA).

Телбиса се наоѓа во северниот дел на Хомс, а окупирана е од силите лојални на сирискиот претседател Башар ал-Асад и од поддржувачите на терористичките групи.

Според новинар на АА од Хомс, во рамките на Светската програма на ОН за храна (ВФП) синоќа во Телбиса пристигнаа камиони со хуманитарна помош.

Конвојот од 45 камиони влезе на подрачјето коешто е под контрола на сириската опозиција. На овој начин стигна помош за 85.000 лица. Доставени се 16.000 пакети храна, 16.000 вреќи брашно, како и други производи.

Локалните власти наведуваат дека доставената помош ќе биде доволна за две недели. Конвојот го придружуваа претставници на ОН, Меѓународниот комитет на Црвениот крст, како и претставници на Црвената полумесечина од режимската власт.

Телбиса околу пет години е под окупација, а последната хуманитарна помош во ова место влезе во март оваа година.

20170616_2_24271438_23212668_Web (Copy) 20170616_2_24271438_23212669_Web (Copy) 20170616_2_24271438_23212670_Web (Copy) 20170616_2_24271438_23212671_Web (Copy) 20170616_2_24271438_23212672_Web (Copy) 20170616_2_24271438_23212673_Web (Copy) 20170616_2_24271438_23212674_Web (Copy)




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


6 × one =

%d bloggers like this: