чавушоглу

ЧАВУШОГЛУ ПРИСТИГНУВА ВО РИЈАД: Може ли Турција да ја наговори С.Арабија да се откаже од блокадата на Катар?

Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, денес ќе ја посети Саудиска Арабија каде ќе разговара со тамошните представници за актулената блокада на Катар од страна на Саудиска Арабија и нејзините сојузници. Постетуваме, Турција има добри односи со Катар, згора на тоа би можело да се каже дека од целиот регион токму Турција е најблизок сојузник на Катар, што произлегува од фактот дека двете земји  му даваат поддршка на Муслиманското братство, исламска организација која земјите како Саудиска Арабија, ОАЕ и Египет ја сметаат за терористичка.

Турскиот претседател Ердоган во повече наврати порачал дека сака блокадата на Катар што побргу да прекине.

Може ли Чавушоглу да ги наговори Саудијците да се откажат од блокадата? Кувајтскиот емир веќе се обидел ама не успеа, наскоро ќе дознаеме колку на Турците тоа ќе им појде од рака.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


8 × = thirty two

%d bloggers like this: