еузнаме

ЕВРОЗОНАТА СОГЛАСНА: Грција ќе добие уште 8,5 милијарди евра финансиска помош.

Грчкиот премиер Алексис Ципрас најавил излегување на земјата од финансиската криза, откако министтрите за финансии на Еврозоната одлучија на ова земја да и` одобрат пакет финансиска помош тешка 8,5 милијарди евра, пренесува Ројтерс.

Министрите на државите на Еврозоната синоќа доцна постигнаа согласност за финансиска инекција, со строги услови за продолжување на мерките на штедење. Ципрас синоќа кратко изјавил дека “ договорот ги оправдал сите жртви на грчкиот народ“.

 

“Ова е одлучувачки чекор за државата која излегува од кризата. Тоа е показател за довербата во пазарот“, изјавил Ципрас во текот на средбата со претседателот на Грција Прокопис Павлопулос.

Грција се соочуваше со банкрот во текот на ова лето, со оглед на тоа дека не била во состојба да ги враќа претходно кредитни обврски, па од тука министрите на ЕУ одлучиле да бризгаат итна помош. Поздравени се напорите на Атина на реформи, ама што е најважно, ова е чекор ка приближи Грција кон договорот и со Меѓународниот монетарен фонд за стенд бај (stand by) аранжманот.

 




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


2 × four =

%d bloggers like this: