20170617_2_24281123_23231110_Web

Рамазан и работа: Копачите на тунели на североистокот од Турција ја прекинуваат работата само за ифтар

Работниците кои го копаат тунелот „Јени Зигана“ во североистокот на Турција работат во три смени за да ги исполнат роковите предвидени во договорот, а во текот на Рамазан, во тунелот тие постат и го прекинуваат постот само за време на ифтар, за навреме да ја завршат важната делница на некогашната рута на Патот на свилата, јавува Anadolu Agency (AA).

20170617_2_24281123_23231113_Web

Станува збор за тунел што се гради на патот помеѓу градовите Ѓумушхане и Трабзон, а со неговата должина од 14,5 километри, овој тунел ќе биде еден од најдолгите светски едноцевни тунели и ќе го спојува североистокот на Турција со Кавказ и со Иран.

На изградбата на тунелот работат 350 работници од цела Турција, кои далеку од своите семејства, во утробата на планината Зегане и со тешка работа го поминуваат светиот месец за муслиманите – Рамазан.

Работодавачот Џенк Балмумџу вели дека работниците постат и дека еднакво се залагаат на работните места како и пред Рамазан.

„Свесни сме дека тоа е тешко и покажуваме толеранција. Така, пред и по ифтарот имаме по еден час пауза, кога ги гасиме сите машини и ги пуштаме луѓето да ја обноват силата. Заедно сме на ифтар, бидејќи семејствата се далеку од нас и ние тука станавме големо семејство“, вели Балмумџу.

Градежниот работник Рамиз Јалчин од Бартин рече дека му паѓа тешко тоа што во текот на Рамазан е одделен од своето семејство, особено од децата, но дека е свесен оти мора да работи.

„Со голема радост го чекаме Бајрам, кога ќе бидеме со семејствата кои нѐ чекаат”“, рече Јалчин.

И Бадирхан Караѓоз од Кајсери вели дека му е тешко тоа што е далеку од своето семејство, но додава и дека Рамазанот со пријателите и колегите од работа е убав на посебен начин.

20170617_2_24281123_23231110_Web 20170617_2_24281123_23231111_Web 20170617_2_24281123_23231112_Web




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


nine + 3 =

%d bloggers like this: