KOL

Од Горбачов до Буш: светот се збогува со Хелмут Кол

Тој не беше само канцелар на германското единство, туку и пионер на Европската унија. Смртта на поранешниот канцелар на Германија, Хелмут Кол предизвика тага ширум светот.

Речиси веднаш откако вчера во доцните поладневни часови беше објавена веста дека почина поранешниот германски канцелар Хелмут Кол во својата куќа во Лудвигсхафен, почнаа да пристигнуваат реакции и изрази на длабока почит кон починатиот „канцелар на обединувањето“. Од канцеларијата на генералниот секретар на ОН е објавено оти Антонио Гутереш е многу тажен поради смртта на „личниот пријател“. „Очигледно е каква историска улога имаше господинот Кол за обединувањето на Германија само една година по падот на Берлинскиот ѕид и како успешно се снајде на историскиот пат на кој ја одведе Германија.“, истакна Гутереш

Претседателот на Европската комисија, Жан Клон Јункер, порача дека „Хелмут Кол ја исполнил со живот целата европска куќа. Не само поради тоа што градеше мостови меѓу Западот и Истокот, туку и дека никогаш не престана да кова уште подобри планови за иднината на Европа.“ , порача Јункер.

„Секогаш ќе се сеќавам на Хелмут Кол. Тој беше пријател и државник кој помогна да се обедини Европа“, изјави претседателот Советот на ЕУ, Доналд Туск.

Flash-Galerie Gorbatschow Museum THE KENNEDYS (Daniel Biskup/The Gorbachev Foundation)Горбачов, Кол и Буш постариот

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, исто така, порача: „Хелмут Кол беше олицетворение на обединета Германија во обединета Европа. Кога падна Берлинскиот ѕид, тој беше дораснат на ситуацијата. Вистински Европеец!“

Новиот француски претседател Емануел Макрон беше меѓу првите кој по соопштението за смртта на Кол преку социјалните мрежи објави дека починал „еден од најголемите државници во Европа и во слободниот свет“.  „Покрај тоа, тој беше архитект на обединувањето на Германија и на француско-германското пријателство. Со Хелмут Кол загубивме многу голем Европеец.“, рече Макрон

Шпанскиот премиер Мариано Рахој го нарече Кол „клучна фигура во европскиот процес и  повторното обединување на Германија“, „Германија загуби голем државник“ порача холанскиот премиер Марк Руте. „Италија ќе се сеќава на него како фактор на обединувањето и на падот на ѕидот кој ја делеше Европа“, порача италијанскиот премиер Паоло Џентилони, а белгискиот премиер Шарл Мишел истакна: „ Замина еден вистински Европеец“.

„Хелмут мразеше војна“, изјави, исто така, личниот пријател на Хелмут Кол, поранешниот претседател на САД, Џорџ Буш постариот и додаде: „Но го мразеше тоталитаризмот уште повеќе. Работата со мојот многу добар пријател на задачата да се стави крај на Студената војна и да се постигне обединување на Германија во рамките на НАТО ќе остане една од најголемите радости во мојот животот.“, истакна Џорџ Буш постариот.

DW.COM




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


1 − = zero

%d bloggers like this: