цавусоглу

Чавушоглу утре ќе ја посети Македонија

Министерот за надворешни работи на Република Турција, Мевљут Чавушоглу утре ќе престојува во работна посета на Македонија. Министерството за надворешни работи соопшти дека Чавушоглу ќе се сретне со шефот на македонската дипломатија Никола Димитров. На средбата се очекува да бидат разменети мислења за билатералните односи и за можностите за унапредување на соработката во повеќе области, со посебен акцент на натамошното продлабочување на економската соработка.Двајцата министри ќе разговараат и за актуелните теми во регионот и пошироко, како и за соработката на меѓународен план. Во рамки на посетата предвидено е министерот Чавушоглу да биде примен од претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов и од претседателот на Владата Зоран Заев.

Извор:РСЕ




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


3 + six =

%d bloggers like this: