thumbs_b_c_0b0c168dd931612da8ccc0c002289106

Утре во Франција ќе се одржи вториот круг гласање

Утре Франција ќе гласа на вториот круг од парламентарните избори, јавува Anadolu Agency (AA).

Оние пратеници кои во првиот круг од гласањето освоија најмалку 12,5 отсто од гласовите, утре ќе се најдат на листата за гласање во вториот изборен круг во Франција, на кои за победник ќе биде избран оној пратеник ќе освои најголем број гласови.

За кандидатите на францускиот парламент утре ќе гласаат 46 милиони државјани на Франција во рамките на границите на земја и околу 1,3 милиони во странство.

Поради вонредната состојба во кои се наоѓа земјата, околу 69.000 изборни центри утре ќе бидат обезбедувани од страна на 50.000 членови на полицијата, жандермијата и војската.

На територијата на Франција утре ќе се гласа од 8 до 18 часот во помаите градови, додека во поголемите градови, гласањето ќе трае до 20 часот. Периодот на гласање во странство е различен.

- Резултати од првиот круг гласање

Мнозинство во парламентот се добива со освоени 289 пратеници. Според министерството за внатрешни работи на Франција, во првиот круг гласање победник беше политичката алијанса на движењето „La Republique En Marche“ (ЛРЕМ) на претседателот на Франција Макрон и и Демократското движење (MODEM), со освоени 32,32 отсто од гласовите, со што има можност да освои од 390 до 430 пратенички места.

Според резултатите од првиот круг, со освоени 21,56 отсто од гласовите, на второ место се наоѓа алијансата предводена од централно десничарската Републиканска партија, која би требало да освои од 85 до 125 пратеници. Следи алијансата предводена од Социјалистичката партија, со освоени 9,51 отсто од гласовите и се очекува таа да освои од 22 до 32 пратеници.

Од друга страна, партијата на Национален Фронт (ФН), со освоени 13,2 отсто од гласовите на избирачите, ќе може да освои од 5 до 15 пратенички места, додека Движењето непокорена Франција има можност, благодарение на освоените 11,02 отсто гласови во првиот круг да обезбеди од 11 до 21 пратеник.

Многу голема загуба на овие избори имаше ФН на Ле Пен, која од околу 10,5 милиони гласови освоени на претходните избори, овојпат паднаа на само 3 милиони освоени гласови.

Резултатите во првиот круг покажаа дека претседателот Макрон и неговото движење во коалиција со МОДЕМ постигнаа најголем успех, додека централната десница и левица имаат големи загуби.

Според резултатите кои ги објави министерството за внатрешни работи, на изборите учестувале 51,29 отсто од гласачите во Франција. Бројката на гласачи во Франција изнесува 47.571.484 избирачи. Според овој податок, секој втор Французин со право на глас не излегол на гласање. Интересен е фактот што оваа година е забележан највисокиот процент на избирачи кои не излегле да гласаат од 1958 година досега.

Според резултатите од приот круг гласање, алијансата ЛРЕМ и МОДЕМ соопштија дека нивните претставници водат во борбата за 449, од 577 места во парламентот.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


six − 6 =

%d bloggers like this: