20170617_2_24286106_23241554_Web (Copy)

(Фото/Видео) „Марш за мир” во Келн: Муслиманите го осудуваат тероризмот и насилството

КЕЛН (АА) – Група на муслимани организира „марш за мир” во градот Келн, преку која го осудуваат тероризмот и насилството, јавува Anadolu Agency (AA).

Повеќе од илјада муслимани прво се собраа на плоштадот Хеумаркт во Келн, каде што преку различни транспаренти и пароли порачаа дека ги осудуваат сите форми на тероризам и насилство, каде и да се случуваат во светот.

Една од организаторките на маршот, Ламја Кадор истакна дека поголемиот дел од муслиманите, кои се дел од Западните општества, одбиваат тероризам и насилство, и дека е должност на сите муслимани да го искажат своето противење на тероризмот.

„Како и да се викаат, ние ја осудуваме било која организација која претставува за муслиманска а е вмешана во тероризам и насилство. Тероризмот нема ни вера ни раса”, изјави Kaдор.

По обраќањата демонстрантите се упатија кон центарот на градот, а во текот на маршот за мир беа превземени високи безбедносни мерки.

20170617_2_24286106_23241547_Web (Copy) 20170617_2_24286106_23241548_Web (Copy) 20170617_2_24286106_23241549_Web (Copy) 20170617_2_24286106_23241550_Web (Copy) 20170617_2_24286106_23241552_Web (Copy) 20170617_2_24286106_23241554_Web (Copy)




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


6 × three =

%d bloggers like this: