5249115785942708016ed2144870302_v4 big

ЖИТЕЛИТЕ НА ИСТАНБУЛ ЗБУНЕТИ: Босфор целосно ја сменил бојата

Изминатиот викенд вообичаената боја на водата во Босфорскиот мореоуз одеднаш се претворила во преубава тиркизна нијанса што многу ги загрижила жителите на Истанбул.

Некои се сигурни дека во прашање станува збор за загадување на водата, додека други пак веруваат во поврзаноста на тиркизната боја на Босфор со земјотресот кој ја погоди Турција во понеделникот.

Изминатиот викенд вообичаената сина боја во Босфорскиот мореуз одеднша се претворила во преубава тиркизна нијанса што многу ги загрижило жителите на Истанбул.

Својата загриженост ја споделиле и на социјалните мрежи мислејќи дека во прашање е загадување на водата, а некои дури биле и убедени дека промената на бојата на водата настанала како резултат на земјотресот кој го погоди регионот Аеген во понеделникот попладне.

Научниците од друга страна сигурни се дека во прашање не е ништо страшно, напротив професорот од Универзитетот  Hacettepe Ahmet Чемал Сејдан вели дека причина за промената на бојата е големата количина на микроорганизми Emiliania huxleyi, познати уште како Ehux.

“Ова нема врска со загадувањето. Ширум Црното море се случува експлозија на Emiliania huxleyi. Тоа е благослов за Црното море“, вели Сејдан.

Еден од најсуспешните облици на живот на планетата, едно ќелискиот организам Emiliania huxleyi видлив е единствено само под микроскоп. Неговата чудотворна прилагодливост му овозможува да напредува во водите на еквадорот до субарктикот

Промената на водата ширум Црното море го забележала и сателит но НАС- изјавувајќи дека ова е веројатно заради растото на посебните фитоплактони кои се викаат коколитофоре.

“Овој посебен организам обложен е со бел калциум-карбонат, па кога ќе се појави во поголема бројка, водата ја претвара во ваква нијанса“, велат од НАСА.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


eight × 5 =

%d bloggers like this: