thumbs_b_c_ae6cdf935aa048c3afc09ccfd4a47f78

Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу пристигна во Скопје

СКОПЈЕ (АА) – Министерот за надворешни работи на Република Турција Мевлут Чавушоглу, вечерва пристигна на аеродромот Александар Велики во Скопје, јавува Anadolu Agency (AA).

Министерот Чавушоглу ќе рестојува во работна посета на Република Македонија, во рамките на која утре ќе се состане со македонскиот домаќин, министерот за надворешни работи Никола Димитров. Од Министерството за надворешни работи на Македонија соопштија дека се очекува да бидат разменети мислења за билатералните односи, како и за можностите за унапредување на соработката во повеќе области, со акцент на натамошно продлабочување на економската соработка.

„Министрите ќе разговараат и за актуелните теми во Регионот и пошироко, како и соработкатата на меѓународен план”, велат од министерството.

Исто така, во рамките на посетата, предвидено е министерот Чавушоглу да биде примен од претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов и од претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев.

Министрите Чавушоглу и Димитров ќе присуствуваат и на ифтар вечерата, која во организација на Стопанската комора на Македонија-Турција (МАТТО), Сојузот на турски невладини организации во Македонија (МАТУСИТЕБ) и Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) под покровителство на Амбасадата на Република Турција во Скопје ќе биде приредена во чест на шефот на турската дипломатија. Исто така, предвидено е на ифтарот да присуствуваат и претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов и претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


seven × 8 =

%d bloggers like this: