20170617155012_62993

САУДИЈЦИТЕ СЕ ДИСТАНЦИРААТ ОД ТУРЦИТЕ: Одбиена понудата за изградба на турска база

Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган неодамна на Саудиска Арабија и понуди на нејзината територија да изгради воена база, за кратко откако во 2014 година започна изградбата на турска база во Катар, наведува АФП.

Ердоган за ова понуда од пред три години на Саудискиот крал повторно зборувал минатата недела  во интервју за португалската ТВ, изјавувајќи дека Саудијците од тогаш не се изјасниле иако ветиле дека ќе го разгледаат предлогот.

Турскиот парламент на само два дена после избувнување на кризата со Катар, одобри испраќање на војници во турската база во ова земја.

Турција предводува напори кризата да се реши по дипломатски пат, а која започна со прекинување на сите врски со Катар од страна на Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Бахреин и Египет, обвинувајќи го Катар дека го подржува тероризмот.

“Кралството не може да и` дозволи на Турција да изгради воена база на нашата територија“ се потврдува во соопштението кое го пренела саудиската државна новинска агенција СПА

Во соопштението се наведува изјавата на неименуван представник, кој вели дека на Саудиска Арабија “ не и` е потребна таква работа“, додавајќи дека воената способност на Саудиска Арабија е на највисоко ниво.

 




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


four + = 12

%d bloggers like this: