20170618_2_24292718_23255287_Web

(Фото) По вечера во касарна хоспитализирани 372 турски војници

МАНИСА (АА) – Најмалку 590 војници во касарната на турската армија во Маниса имаа проблеми со повраќање и гадење по синоќешната вечера, а 372 војници се хоспитализирани, јавува Anadolu Agency (AA).

Турскиот министер за одбрана, Фирки Ишик, утринава изјави дека 72 војници се задржани во болница, и дека меѓу нив нема животно загрозени.

Во придружба на командантот на копнените сили на турската армија, генерал Зеки Чолак, министерот Ишик утрово ги посети хоспитализираните војници во државната болница во Маниса.

Гувернерот на Маниса, Мустафа Хакан, за АА изјави дека сѐ уште не може да се каже со сигурност дека војниците се отруени со храна, бидејќи истрагата е во тек.

„Ние сѐ уште не можеме официјално да кажеме која е причината за здравствените проблеми на војниците кои се хоспитализирани минатата ноќ по вечерата. Сите детали ќе се знаат по лабораториските тестови“, рече гувернерот.

Турската полиција започна истрага за случајот и минатата ноќ уапси најмалку 19 лица, меѓу кои и директорот на компанијата која ја подготвуваше и служеше вечера за вкупно 5.470 војници во Маниса.

20170618_2_24292598_23255015_Web 20170618_2_24292598_23255017_Web 20170618_2_24292598_23255018_Web 20170618_2_24292718_23255281_Web 20170618_2_24292718_23255286_Web 20170618_2_24292718_23255287_Web

 

 

 




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


eight × = 8

%d bloggers like this: