20170618_2_24294902_23258841_Web

Јато разиграни делфини во Босфорот утринава пријатно ги изненадија рибарите и туристите во Истанбул.

ИСТАНБУЛ (АА) – Јато разиграни делфини во Босфорот утринава пријатно ги изненадија рибарите и туристите во Истанбул, јавува Anadolu Agency (AA).

Товарните и воените бродови, како и помалите бродчиња со редовни линии кои ги поврзуваат двата истанбулски брега на Босфорот се честа глетка во тивките води на Босфорот, но денес локалните жители и туристите имаа посебна атмосфера гледајќи јато делфини кои поминуваат низ каналот.

Новинарот на АА јавува дека околу пладне јато делфини се забележани во близина на брегот во местото Тарабија и дека получасовното скокање на делфините го гледаа стотици мештани, рибари и туристи.

Делфините по получасовната претстава се оддалечија од брегот и се изгубија во синилото на Босфор.

20170618_2_24294902_23258841_Web 20170618_2_24294902_23258842_Web 20170618_2_24294902_23258843_Web

 

 

 




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


1 + = ten

%d bloggers like this: