20170618_2_24296998_23262336_Web (Copy)

(Фото/Видео) Чавушоглу- Димитров: Македонија највеќе ја заслужува интеграцијата во ЕУ

СКОПЈЕ (АА) – Во рамките на официјалната работна посета на Република Македонија, министерот за надворешни работи на Република Турција, Мевлут Чавушоглу се состана со неговиот македонски колега Никола Димитров, јавува Anadolu Agency (AA).

20170618_2_24296998_23262337_Web (Copy)

По средбата, двајцата министри одржаа заедничка прес-конференција на која информираа за темите на разговорот.

Министерот за надворешни работи на Република Турција, Мевлут Чавушоглу, рече дека му претставува задоволство што е првиот министер за надворешни работи кој ја посетува Македонија по формирањето на новата влада.

Упати честитки до својот колега Никола Димитров, посакувајќи ѝ успех на новата Влада на Република Македонија, воедно потенцирајќи дека Турција секогаш ќе ѝ биде поддршка на Македонија. Министерот Чавушоглу рече дека во изминатите 25 години во рамките на дипломатските односи на двете земји се направени значјни напори и напредок, како во политичките односи, така и во другите области.

„Мислиме дека Македонија е многу значајна за мирот и стабилноста на балканските простори и пошироко. Со Македонија имаме 460 милиони долари трговска размена, а турските инвестиции во оваа држава изнесуваат 2 милијарди долари, но нашите потенцијали се многу поголеми“, додавајќи дека двете земји имаат и културни врски, како и напредок на полето на образованието, но посочи дека во наредниот период со заедничка волја посакува овие односи да бидат уште поуспешни.

Турскиот министер информираше дека помеѓу двете земји ќе бидат потпишани нови договори со цел да бидат унапредени односите на двете земји на посакуваното ниво.

- Чавушоглу: Со прашањето за името, на Македонија ѝ се врши голема неправда -

Министерот Чавушоглу се осврна и на соработката на Македонија и Турција на меѓународен план, истакнувајќи дека Турција на секое поле ја поддржува и ќе ја поддржува Македонија, особено на патот во зачленувањето во ЕУ и во НАТО.

„На меѓународен план имаме соработка за пример. Турција ја поддржуваше Македонија на секое поле. Ние ќе ја поддржуваме Македонија и во нарендиот период. Македонија највеќе го заслужува интегрирањето во Европската Унија. Со вештачките прашања, како што е прашањето за името, се врши голема неправда кон Македонија. На најсилен начин ќе го поддржуваме членството во НАТО и ќе поттикнуваме земјите да соработуваат. Безбедноста во Европа зависи од Турција и од Западен Балкан“, истакна министерот Чавушоглу.

Меѓу другото, шефот на турската дипломатија потенцираше дека турската заедница во Македонија е значаен мост за билатералните односи меѓу двете земји.

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров, го изрази своето задоволство што е домаќин на својот колега од пријателска Турција, истакнувајќи дека Чавушоглу е првиот министер што ја посетува Македонија по формирањето на новата Влада, и во период кога се навршуваат 25 години од воспоставувањето на дипломатските односи помеѓу овие две земји.

- Димитров: Благодарност до Турција за конзистентната поддршка на Македонија -

Шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров, посочи дека односите меѓу Македонија и Турција се одлични, пријателски и уникатни. Тој рече дека со неговиот турски колега разговарале за повеќе прашања од взаемен интерес, како и дека ја потврдиле потребата од понатамошното развивање на економските и трговските односи.

Димитров информираше дека го запознал турскиот министер со приоритетите на новата влада, меѓу кои се владеењето на правото и на демократските вредности со силни и независни институции. Истакна дека фокусот на надворешната политика ќе биде ставен врз интеграцијата на Македонија во НАТО и во ЕУ.

„За нас патот напред е градење на позитивна слика за Македонија, свртена кон иднината, да градиме односи кои ќе придонесат за трајна стабилизација и просперитет на регионот, унапредување на добрососедска политика. Со Турција не делиме граница, но речиси како да делиме, тоа е една граница која е отворена и светла. Ја пренесов големата благодарност за конзистентната поддршка во насока на поддршката на Македонија за членство во  НАТО Алијасата. Оваа подршка е потребна и е многу значајна за нас“, изјави Димитров и додаде дека и на денешната средба таа била недвосмислено потврдена.

Министерот за надворешни работи на Македонија потенцираше дека Македонија високо ја цени клучната улога на Турција во справувањето со мигрантската криза, бидејќи Турција е земја која што прими голем број бегалци, како и земја која дава активен придонес и претставува фактор на стабилноста во поширокиот регион.

Инаку, при посетата во Министерството за надворешни работи на Република Македонија се одржа и билатерална средба помеѓу делегациите на двете земји.

Претходно, министерот Чавушоглу оствари средба со македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов. По средбата со македонскиот колега Димитров, предвидено е министерот Чавушоглу да биде примен и од претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев.

20170618_2_24296998_23262338_Web (Copy) 20170618_2_24296998_23262346_Web (Copy)

 




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


+ two = 10

%d bloggers like this: