uss-fitzgerald-1

(Видео) СТРАОТЕН СУДАР СО ТОВАРЕН БРОД: Пронајдени телата на мртвите морнари од Американски воен брод

Телата на исчезнатите морнари во сударот на американскиот воен крстосувач и товарен брод во саботата утрото во Јапан пронајдени се во штетениот воен брод, соопшпти американската морнарица на потврдувајќи го нивниот брод.

Седум членови на екипажот на USS Fitzgerald се воделе како исчезнати повеќе од 24 часа после сударот со филипински контејнерски брод пред јапонскиот пацифички брег во текот на ноќта во кој воениот брод значително е оштетен, после што дошло до навлегување на вода во неговата внатрешност.

 Вода навлегла и во спалните соби

“Пронајдени се неколкуте исчеснати  војници во сударот на воениот брод USS Fitzgerald и трговски брод“, потврдува службата за медиуми на американската Седма флота во краткото соопштение.

“Како што навлегувале спасувачките екипи во деловите оштетени од судирот (…), така наидувале на исчезнатите морнари во спалните соби во кои продрела водата“, се додава во известувањето.

“Телата се пренесени во болница во Јокусики, каде ќе се изврши идентивикација на телата“.

Причините за несреќата се утврдуваат

Јапонската државна ТВ мрежа НХК ја објавила информацијата за “неколку“ пронајдени тела, откако претходно известила дека се пронајдени телата на сите седум исчезнати морнари.

“Во овој момент ги известуваме семејствата и им даваме помош која им е потребна во овие тепки моменти“, наведува американската морнарица. “ Имињата на морнарите ќе бидат објавени кога ќе ги известиме нивните семејства“.

Во тек е истрага за причините на несреќата




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


seven + 5 =

%d bloggers like this: