bujar-osmani-750x406

Османи: Владата ќе го пречека Хан со акциски план за итните реформски приоритети

Владата подготвува драфт агенда со мерките и активностите кои треба да се преземат во контекст на евроинтеграциите, а кои ќе му бидат презентирани на еврокомесарот Јоханес Хан за време на неговата посета во Скопје во понеделник.

Вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи пред денешната тематска седница на Владата посветена на процесот на евроинтеграциите, изјави дека целта е да се потврди силната волја за спроведување на реформите и да се искористи позитивната клима што се создаде, како што рече, по формирањето на новата Влада на релациите меѓу Македонија и Европската унија, но и во регионални рамки со оглед дека три држави од регионот наскоро ќе претседаваат со Европската унија почнувајќи од Бугарија, потоа Австрија и Романија.

– Ние се обврзавме дека агресивно ќе ги адресираме идните реформски приоритети. Гледаме прозорец на можност да се фатиме на таа енергија, на таа позитивна клима за да можеме да испорачаме што е можно побрзо и да можеме прво да ја тргнеме оваа условена препорака, а по локалните избори да добиеме чиста препорака без услови за евентуално да добиеме шанса за датум за отпочнување преговори, рече Османи.

Тој информира дека Владата уште веднаш по средбите во Брисел формирала Ад хок експертска комисија која подготвува акциски план за тоа што може да реализира за да ги исполни очекувањата на меѓународните партнери и тоа конкретизирано во цели и мерки-кракорочни и долгорочни, како и институции со временска рамка кога треба да се реализираат тие реформи.

Izvor>Iportal




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


six × 4 =

%d bloggers like this: