20170619_2_24303500_23274600_Web

(Видео) Напад со возило на муслимани во Лондон: Загина едно, повредени се 10 лица

ЛОНДОН (АА) – Неколку лица се повредени кога вечерва едно лице возилото го насочи кон пешаците на тротоарот недалеку од џамијата во Финсбури парк, Лондон, главниот град на Велика Британија, јавува Anadolu Agency (AA).

Според соопштението на лондонската полиција, на местото на настанот се наоѓаат екипи на итната медицинска помош и на полицијата. Полицијата добила дојава 20 минути по полноќ дека возило удрило пешаци во близина на џамија во северен Лондон.

Полицијата соопшти дека неколку лица се повредени, и дека едно лице е приведено.

Паралелно со недостатокот на детали во извештаите на полицијата, сведоци на социјалните мрежи јавуваат дека едно машко лице, намерно го насочило возилото кон пешаците.

Очевидци тврдат дека напаѓачот за цел ги имал верниците по нивното излегување од џамијата по терави-молитвата, заедничката молитва на муслиманите за време на месецот Рамазан. Полицијата сè уште нема објавени информации за поврзаност помеѓу вечерашниот настан со тероризмот.

Слични настани во Лондон се случија на почетокот на јуни, и во март оваа година.

Лондонскиот мост на 3. јуни беше местото на нападот кога тројца напаѓачи прво со комбе прегазија повеќе лица, а потоа нападот го продолжија со ножеви, излегувајќи од возилото. Покрај тројцата неутрализирани напаѓачи, загинаа осум лица.

Во март, на мостот Вестминистер, напаѓачот идентификуван како Адријан Расел Аџао, удри во пешаци со брзина од 120 километри на час, а застана на поставена полициска бариера каде што најпрвин со нож повреди полицаец, а потоа е убиен. Загинаа шест лица.

[niceyotubelite id=VjW7JKsfYmU]

20170619_2_24301723_23272028_Web 20170619_2_24301723_23272029_Web 20170619_2_24303500_23274599_Web




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


eight − = 6

%d bloggers like this: