20170619_2_24316881_23294501_Web

Исламофобичен терористички напад во Лондон: Тереза Меј ја посети џамијата Финсбури Парк

ЛОНДОН (АА) – Британската премиерка Тереза Меј по синоќешниот терористички напад ја посети џамијата Финсбури Парк, јавува Anadolu Agency (AA).

Меј по итниот состанок на кабинетот, кој е одржан утринава, се упати кон северниот дел на Лондон каде што ја посети џамијата во чија близина беше извршен терористичкиот напад.

Во џамијата, околу којашто се преземени засилени безбедносни мерки, премиерката влезе од едната врата, а лидерот на опозициската Лабуристичка партија, Џереми Корбин, од другата.

По разговорот со претставниците на цивилното општество, Меј под засилени безбедносни мерки ја напушти богослужбата.

Градоначалникот на Лондон, Садик Кан, истакна дека нападот е извршен на невини луѓе.

„Ова е страшен напад на нашиот град. Цел на нападот беа невини цивили кои се враќаа од терави-намаз“, изјави Кан.

Исламофобичиот терористички напад се случи во близина на џамијата Финсбури Парк, во северниот дел на Лондон, кога возилото влета во маса пешаци, при што едно лице загина, а осуммина беа ранети.

20170619_2_24316881_23294511_Web 20170619_2_24316881_23294508_Web 20170619_2_24316881_23294506_Web 20170619_2_24316881_23294505_Web 20170619_2_24316881_23294503_Web 20170619_2_24316881_23294501_Webуммина беа ранети.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


2 × = four

%d bloggers like this: