BREAKING NEWS
Search
sadkrimi

Во САД, од огнено оружје секојдневно настрадуваат по 19 малолетници

ЧИКАГО (АА) – Центарот за контрола на безбедност и болести во САД објави извештај во којшто се наведува податокот дека во таа земја во оружени напади секојдневно се ранети или убиени најмалку 19 малолетници, пренесува Anadolu Agency (AA).

Извештајот се однесува на периодот од 2002 до 2014 година, и на малолетници на возраст до 17 години.

Според податоците на Центарот, во САД секоја година од огнено оружје страдаат речиси 1.300, а ранети се 6.000 малолетници.

Во тие бројки се вклучени и случаи на самоубиства извршени со огнено оружје.

За споредба, во текот на 2007 година во САД, во нападите со огнено оружје се убиени 1.038 малолетници, а во 2014 година бројот на убиените во таквите напади е намален на 699 лица.

Меѓутоа, во 2007 година, самоубиство со огнено оружје извршија 325 американски малолетници, а седум години подоцна тој број е зголемен на 532 малолетници.

 

 




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


− six = 3

%d bloggers like this: