BREAKING NEWS
Search
Screenshot_2017-06-19-16-07-17-1

ПЛАНЕТАТА НА РАБОТ НА ВОЈНА: Русија издаде наредба да се соборуваат и Американски авиони во Сирија

Руското министерство за одбрана соопштило дека ја суспендира координацијата со САД во Сирија во таканаречените зони на деескалација откако американските сили соборија авион на сириската војска. САД и Русија имаат заеднички договор за избегнувањее на инциденѕи во воздухот помеѓу двете војски кои учествуваат во операциите во Сирија. Руското министерство за одбрана наведило дека го суспендирало договорот откако американската војска потврдила дека вчера соборила авион на сириските воздухопловни сили отакко биле бомбардирани бунтовничките сили кои соработуваат со Американците.

Руското министерство исто така наведило дека смета дека овој инцидент покажува дека Вашингтон намерно не се држи кон своите обврски спрема договорот за де-ескалација.

Сите авиони на меѓународната коалиција која ја предводи САД, а кои летаат западно од Еуфрат “ ќе бидат надгледувани“ и “ сметани за мета“ на руската против воздушната одбрана всоопштила руската авојска.„Авионите и дроновите на меѓународната коалиција кои ќе се најдат западно од Еуфрат ќе бидат цел на против воздушната одбрана соопштило руско Министерство за одбрана. Москва го обвини Вашингтон дека не ја предупредил руската војска дека ќе го собори тој авион, а Асосиатед Пресс пренесе дека руското Министерство за одбрана од САД побарало да образложи зошто авионот бил соборен.

Американската војска потврдила дека американски авион од типот Ф-18 Супер Хорнет соборил авион на сириската влада СУ-22 откако леталото бомбардирало подрачја во близина на американските партнерски сили, кај сирискиот град Табка. Американското соборување на воениот авион представува чекор кон опасна ескалација и представува акт на агресија, изјавил денес заменикот на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Рјабаков. Во изјава за руската новинска агенција интерфакс, Рјабаков изјавил дека Москва го предупредува Вашингтон да не користи сила против воените сиули на сириската влада, пренесе Ројтерс. Рјабаков потврдил дека на соборувањето на рускиот авион “ мора да се гледа како продолжување на американската линија да не ги почитува нормите на маѓународното право“.“ Што е ова , ако не е акт на агресија?“, запрашал Рјабаков, пренесува агенцијата АФП.

САД треба да го почитуваат територијалниот интегритет на Сирија и воздржат од унитерално делување во ова земја, изјавил претходно рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

 Тој исто така изјавил дека новата рунда на преговори за Сирија ќе се опдржат во престолнината на Казахстан Астана на 10.јули.
“Авион на сириските и режимски сили во 18.43 исфрлил бомби во близина на борците на Сириските демократски сили јужно од Табка и во склад со правилата на ангажирање и колективна самоодбрана, на коалиционите сили, американскиот  Ф-18 Супер Хорнет веднаш го соборил“, потврдено е во соопштението на здружените сили.
Два часа претходно силите лојални на претседателот Башар ал Асад ги нападнале Сириските демократски сили (СДФ) во градот Џа Дин, јужно од Табка, стои во соопштението,
Во контекст на тоа , како што се тврди, ранети се и одреден број на борци на СДФ и тие биле протерани од градот, пренесе агенцијата АФП.
Извор:Аваз



Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


nine + 4 =

%d bloggers like this: