BREAKING NEWS
Search
RUSIJA

Русија ја прекина соработката со САД за безбедноста на летовите во Сирија

МОСКВА (АА) – Од руското Министерство за одбрана соопштија дека е прекината соработката со Вашингтон во рамките на договорот за безбедност на летовите во Сирија, поради тоа што Соединетите Американски Држави (САД) урнаа воен авион на сирискиот режим, јавува Anadolu Agency (AA).

Во соопштението на министерството, уривањето на авионот на сирискиот режим од страна на САД е окарактеризирано како прекршување на меѓународните права и воена агресија.

Според ова соопштение, коалициските сили не го употребиле актуелниот комуникациски канал со Русија, и покрај тоа што руските авиони биле во сирискиот воздушен простор кога авионите на режимот биле погодени.

Руското министерство за одбрана истакна дека овој став на САД ќе го оценат како свесно непочитување на договорот меѓу Москва и Вашингтон за воздушна безбедност, и дека од денешниот ден се прекинува соработката во рамките на овој договор.

„Од денешниот ден, Министерството за одбрана на Русија ја прекинува соработката со САД во рамките на договорот за воздушна сорабтка во Сирија“, се вели во соопштението.

Како што се наведува во соопштението, во зоните каде што Русија спроведува воздушни операции, рускиот воздушен систем ќе ги смета за цел и ќе ги следи авионите или леталата на коалицијата предводена од страна на САД, детектирани на западниот дел на Еуфрат.

Овој чекор на Русија следува откако коалицијата за борба против ДЕАШ предводена од САД, претходно соопшти дека американскиот авион „F/A 18 Super Hornet“ урнал воен авион од типот „SU-22“ на сирискиот режим, откако тој ги нападнал Сириските демократски сили предводени од страна на ПЈД/ПКК во јужниот дел на градот Табка.

 




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


three + 8 =

%d bloggers like this: