BREAKING NEWS
Search
20170619_2_24301723_23272028_Web

ОН: Нападот во близина на џамијата во Лондон е терористички напад

ЊУЈОРК (AA) – Обединетите нации (UN) го осудија терористичкиот напад во близина на џамијата Финсбури Парк во Лондон, јавува Anadolu Agency (AA).

Гласноговорникот на генералниот секретар на ОН Стефан Дјујарич на дневната конференција за медиумите го осуди нападот во Лондон.

„Го осудуваме нападот во Лондон и изразуваме сочувство на семејствата и посакуваме брзо опоравување на повредените”, рече Дујарич.

Додаде дека ОН ја продолжува истрагата во врска со овој напад.

„Изгледа дека ова е плански напад на верниците кои се собрале да го извршат својот верски обред. Ова е облик на насилство кој треба да се осуди”, рече Дујарич.

На прашање на новинарите дали се работи за терористички напад, Дујарич потврди дека синоќешниот напад во Лондон е терористички напад.

„Според нашето мислење, ова е терористички напад. Целта беше да се тероризира одредена заедница и да се усмртат или ранат членовите на таа заедница”; рече гласноговорникот на генералниот секретар на Обединетите нации.

Потсетуваме, во исламофобичниот терористички напад, кој синоќа се случи во близина на џамијата Финсбури Парк, на северот на Лондон, кога возило влета во маса пешаци, едно лице смртно страдаше, а десетици се ранети. Напаѓачот е превезен во болница.

Полицијата претходно денеска соопшти дека за овој исламофобичен терористички напад е осомничен Дарен Осборн (48).




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


9 × = fifty four

%d bloggers like this: