BREAKING NEWS
Search
59480c3d-7254-4f51-92cb-71bc0a0a0a7e-saudijska-mornarica-700x402

САУДИСКА АРАБИЈА: Заробени три припадници на иранската револуционерна гарда

Саудиската морнарица заробила три членови на Иранската револуцуионерна гарда од брод кој се приближил на нафтена буушотина во сопственост на Кралството, соопшпти министерството за информирање на Саудиска Арабија, јавува Ројтерс
Тоа дополнително ќе ги оптовари односите помеѓу двете земји кои меѓусебно се обвинуваат за поткопување на регионалната безбедност и од тука се наоѓаат на две спротивни страни во судирот во Сирија, Јемен и Ирак.

“Станува збор за еден од трите бродиви кои биле пресретнати. На него биле пронајдени три членови на екипажот и истите биле заробени. Другите два бродови побегнале. Трите членови припаѓале на револуционерната гарда и тие ќе бидат сослушани од страна на релевантни институции, потврдено е во соопштението.

Иранскиот брод-чамец сопрен бил во петокот, а со себе носел експлозив со намера да извршат терористички напад во саудиските територијални води.

Иранската агенција Тасним објавила дека саудиските граничари пукале на ирански ррибарски брод кој скренал од курсот при што еден рибар бил убиен.

( FENA)




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


+ three = 7

%d bloggers like this: