Сметајќи на се зголеменатапотрошувачка на вода за пиење и друга намена, како и зголемената потрошувачка на вода која се искористува се по нерационално(диви чешми, миње на асфалтни површини и др..) притоа земајќи ја во предвид можноста од доведување во прашање на нормалниот тек на вода за пиење, Месната самоуправа – Подгорци од Подгорци започнува со воведување на рестрикции во снабдувањето со вода и тоа во период од:

15:30 до 19:30 часот – секој ден.

            Овие рестрикции ќе траат се додека не се утврди дека не се доведува во прашање нормалниот тек за снабдување на населбата со вода и друга намена.

Притоа се молат сите граѓани, доколку забележат неконтролирана потрошувачка на вода( полевање на асфалтна, бетонска или друга површина, како и употреба на див приклучок-дива чешма), истото да го пријават во канцеларијата на Месната самоуправа Подгорци.

Исто така, ги известуваме сите граѓани на с.Подгорци, дека надзорно тело на М.С. Подгорци, ќе врши контрола на сите домаќинства во с.Подгорци, во насока на откривање на откривање на диво приклучени чешми. Ова активност ќе биде насочена кон исклучување на истите од системот. Заради наведеното апелираме до сите граѓани кои поставиле диви приклучоци на чешми, истите во најскоро време да ги приклучат на броила или истите да ги затворат, во спротивно ќе се преземат соодветни мерки, против споменатите домаќинства.

Како не би се довеле во ваква ситуација, ги молиме граѓаните посебно оние кои имаат заостанати долгови за вода за пиење и друга намена, како и комунални дејности да си ги подмират своите долгови, со што не би се довеле во ситуација да бидат исклучени од системот за Месна Самоправ Подгорци, како и ускратување на можноста од користење на комунални услуги.

Месна самоуправа  – Подгорци

Откажи одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молам ставете го вашето име