cc6a7339

(ОД НАШИТЕ СОРАБОТНИЦИ) Јасмин Реџепи: Горчлив е бегалскиот леб на Сиријците во Рејханли

redzepi-mala Пишува: Јасмин Реџепи

Полетувам од аеродромот Ататурк во Истанбул кон Антакија, древен историски град, а сега познат по големиот број на бегалци. После три годишна интензивна работа собегалците во својата земја, повторно сум на хуманитарна мисија во странство, повторно со истиот народ, само во друга држава и во други услови.

Дури и целта ни е друга. Во рамките на кампањата “Македонија со љубов кон Алепо“, заедно со Првата детска амбасада на светот “Меѓаши“, собравме средства со кои ќе ги израдуваме јетимите (сирачиња) – дечиња бегалци без родители. Се радувам, а воедно сум и тажен, претпоставувајќи ги условите во кои живеат сите тие луѓе.

Извесстен сум дека седум луѓе, ирегуларни мигранти се наоѓаат надвор од оградата на центарот. Не им е дозволено влегување, па тие седат покрај оградата и чекаат некој да им се смилува и дадат нешто преку мрежата (ограда). Господе, зошто олкавав бегалски центар со непополнети капацитети кога луѓето седат надвор  и молат за корка леб како да се кучиња? А тоа се луѓе, со сите свои права, меѓутоа за жал не еднакви со нашите, ама не и обесхрабрени, бидејќи што е нашата должност доколку не се бориме за  нивните права?

После консултирање, нашата колешка Јасмина ја извести институцијата на омбудсманот, со кого сме во тесна соработка во областа на заштитата на човековите права, а тие го контактираа новиот министер на МВР Оливер Сапсовски, кој донесе одлука повеќе да не се забранува влегување на ирегиларните мигранти во бегалските центри.

Убаво е чувството кога во пракса се гледа позитивна реализација на соработката на невладиниот сектор и државните институции во корист на правата на луѓето. После неодамнешните политички промени, впечатокот на цивилниот сектор е се започнало да се чекори по сигурно тло.

Друга убава вест е дека во ист ден моите драги пријатели и сириски бегалци, кои 10 месеци предстојувале во бегалскиот центар Гевгелија, сега од Атина патуваат за Париз.

Ибрахим и Ахмед, за кои порано пишував, во рамките на процесот за релокација добија ново прибежиште, а тоа е Франција. Конечно регуларно пристигнаа во сигурната посакувана дестинација, каде ќе учат јазик и работат на интеграцијата.

Останатите од истата група избрани се од страна на Шведска и Естонија, додека другите сеуште чекаат во Грција. За жал, господинот Нути и понатаму е во Гевгелија, а неговото соединување со семсјството се пролонгира речиси цела година и пол заради непотребните административни причини на Германија и Македонија.

ГРИЖА ЗА ДЕЦАТА

Кога слетавме, во Антакија нё дочека Јасин, представник на хуманитарната организација ИХХ која следните три дена ќе биде на домаќин и ќе нё води низ сите планирани активности. Уште истата вечер отпатувавме за Рејханли, градче покрај границата со Сирија. Во него има 90.000 Турски граѓани кои живеат тука и 120.000 бегалци, нешто незамисливо за нашиот поим.

Тоа е еден од најмодерните центри на светот. Изграден на површина од десет хектари, со 55 двокреветни вили за сместување на деца. Во секоја од нив има по 16 деца и две старателки, два стадиони за фудбал и кошарка, две затворени сали за спортски активности, неколку паркови и фонтани со лулашки, културен центар, градинка, основна и средна школа, амбуланта, институција за психо-социолошки надзор, додека обезбедувањето на влезот е на високо ниво. Тоа е нов центар кој го спонзорираа Катарската фондација Раф и Турската ИХХ.

јасмин

Хамза Чакир, директор на овој центар, нё запозна со сите простории, и начинот на работа со децата. Од толкуте деца сириски бегалци, мислам дека овие се најсреќните. Она што позитивно нё изненади, освен импресивните услови, имаше и правилним за работа, поинаков од оној во Македонија, каде детето без родители ќе наполни 18 години, се исфрла од центарот и останува на улица, овде во Турција, ова е нивни дом сё додека не се снајдат во животот и додека нё бидат подготвени да се осамостојат, односно завршат факултет и најдат работа.

Следниот ден имавме средба со 150 деца од друг центар за прифаќање на деца без родители. Нив им подготвивме посебна радост. ИХХ со компанијата Waikiki договори да отворат порано о од 9 до 11 часот утрината дојдат само тие деца со старателите и самите за себе да си одберат облека за Бајрам. Наместо да чекаат во ред за да добијат подарок, изгледаше како да се во шопинг и самите себе си си остваруваат желби.Тој радосен жагор на детски гласови и сега ми одзвонува во увата, тој натпревар за убава облека, тоа езеро полно со насмевки и радосни очи кои предизвика созли во нашите очи. Мислам дека никогаш подолго не сум бил во шопинг, а да сум уживал во него.

После тоа посетивме уште еден центар за згрижување на деца бегалци без родители, по коинциденција со име Јасмин. Тука беа сместени преку 60 сирачиња. Нё дочекаа со песмички и каранфили, а ние нив им подаривме големи бајрамски пакетчиња со слатки. После играњето со дечињата и разговорот со раководителите на центарот, се упативме на следните активности.

ТАТКОВЦИТЕ НАСТРАДАА

На моја иницијатива, заминавме да посетиме десетина бегалски фамилии кои не се згрижени во бегалските кампови. Бидејќи станува збор за огромен број на бегалци кој е поголем од бројот на жителите кои живеат во Рејханли, голем број од нив живее во услови под стандардите.. Посетивме мајки без деца, чии татковци настрадале во војната во Сирија.

Нашиот домаќи, Јасин, човек со големо срце, нашол донатори кои платиле станрина (кирија) за дел од овие семејства. со што од грб им симна голем товар. Посетивме и самохрана мајка со три малечки деца. Храна добиваат од хуманитарните организации, а станот е празен, со еден кревет и неколку хашури. Наидовме и на една мајка од Алепо, со четири деца, од кои најмало е едномесечно бебе. Додека сеуште била бремена, восјката на сирискиот режим го упасила нејзиниот сопруг, а таа пребегнала со девата во Турција.

На дваесет дена псоле раѓањето на бебето и` пристигна вест дека сопругот и` починал во затвор, после повеќемесечно мачење. Жената речици целата беше скршена, а децата не беа свесни за нивната судбина. Јасин веднаш се јави за да најде подобро сместување и спонзор, додека игравме со децата и им ги дававме подароците. На сите овие фамилии им врачивме и храна од садакатул-фитр од нашите граѓани. Со ваква животна судбина во Турција има илјадници, ама и во другите земји.

Она што најтешко ни падна е семејството за кое Јасин дозна пред една недела. Во една авлија, во коај се сместени неколку бегалски семејства,во една мала и тесна собичка стануваат пет членови на семејството Ахмед ел Таги. Тој е ранет во својот дом во близина на Дамаск од тенковска граната,при што му настрадал левиот дел од телото.

Раката му е искршена и неподвижна, а во нозете и понатаму му се наоѓаат метални шипки. Докторите во Антакија изјавиле дека нема техничка можност раката и ногата да му се вратат во функција, ама дека тоа е можно во поголемите други центри.

Лежи на еден кревет, додека децата спијат на поплочен под. Можам да замислам како му е кога не може на своето семејство да му приушти барем минимум услови за живот.

Соседните простории се тоалетот и кујната. Тоа се најниски животни услови. Со колегата Драги Змијанац од “Меѓаши“ и Сабит од Легис многу се загриживме за нивната состојба, малку поразговаравме и се сложивме дека на овој човек навистина му е потребна медицинска нега и третман за опоравување во Европа, а на децата поубав дом. Во спротивно, човек кок не е во состојба себе си и на семејството да им обезбеди миннимални средства за живот, во иднина ќе мора да го искористи трудот на своите деца како би ја преживеал суровата бегалска состојба.

Нашите пакети, скромната парична помош и убавите зборови на охрабрување и надеж не се доволни трајно да ги решат проблемите на ваквите семесјтва. Ова е одговорност на меѓународната заедница, бидејќи тие тука не можат да направат многу. Лесно е да се затвори балканската бегалска рута и приливот на бегалците, ама многу е тешко и многу одговорно да се грижат за нив во “Хот Спот“ земјите како што е Турција,Либан, Јордан и Грција.

Ваквите случаеви треба да се релоцираат во Европската Унија, медицински да се третираат и рехабилитираат, а децата да се спасат од можни експлоатации на детската работна сила. Тие деца заслужуваат безгрижно детство, а оние кои можат, мораат да превземат итни мерки за решавање на ваквите големи проблеми на ранливи категории на бегалци.

После потресните глетки од улиците на Рејханли, заминавме во голем логистички центар на организацијата ИХХ, каде ја посетивме пекарата која дневно произведува 140.000 парчиња леб за бегалците. Бидејќи на семејството на Ахмед  му ги оставивме нашите пари со кои планиравме да купиме сувенири и локум од Истанбул, добивме по некое парче леб да го поделиме со нашите колеги во Скопје. Тука не пречекаа и деца со кои заеднилки ифтаривме, разговаравме, ги слушавме нивните приказни и песмички, а после тоа им ги подаривме подароците. Сите тие насмевки и радосни погледи, на момент ни ги ублажија претходните тажни и разочарувачки впечатоци и емоции.

Со ова ги заокруживме нашите активности во Турција, кои представуваат почеток на нашите идни активности на лобирање за подобрување на животните услови на ранливите категории на бегалци. Свесни сме дека нашата помош која израдува 360 деца представува само каппка во морето на нивните огромни потреби, меѓутоа се надеваме дека други ќе го следат овој племенит пример, и дека меѓународните институции нема да станат неми на нашиот апел за решавање на случајот на Ахмед, и дека ова иницијатива би била почеток на решавање на проблемот на голем број унесреќени жртви на војната.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


× 6 = forty eight

%d bloggers like this: