1055230310

Турција протестира заради повиците за убиство на Ердоган, Путин и кралот Салман

Анкара упати протестна нота до Берлин заради уметничката инсталација која содржи транспарент со повик на убиства.

1055230310

Турција упати протестна нота на Германија бидејќи на еден уметник му дозволила во центарот на Берлин да постави инсталација со која нуди возило како награда за убиство на светските лидери , меѓу кои е и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Уметничката инсталација поставена е во понеделникот пред зградата во која се наоѓа кабинетот на канцеларката Ангела Меркел, а ја сочинува Мерцедес Ц – класа и транспарен со фотографии на Ердоган, рускиот претседател Владимир Путин и саудискиот крал Салман, пренесува АФП.

Еден од слоганите на транспарентот гласи: “ Го посакувате ли овој автомобил ? Убијте ги диктаторите!“.

Сите три лидери, чии фотографии се нашле на спорната инсталација, требало да учествуваат на Самитот Г20 во Хамбург во петокот и саботата, меѓутоа кралот Салман во меѓувреме го откажал патувањето.

Протест против бегалската криза

Инсталацијата ја поставил уметничкиот центар за политичка убавина на чело со Филип Раух, кој во повеќе наврати поставивал инсталации, вклучувајќи ја и една од четирите тигри во центарот на Берлин  во знак на протест против бегалската политика.

Турската амбасада во Берлин соопштила дека “несватливо и неприфатливо“ е на Раух да му биде дозволено да постави таква инсталација, а притоа да не интервенирале локалните безбедносни сили.

“Јасно е дека во ваков чувствителен момент, кога треба да се заштити мирот во заедницата и заедничките вредности, ваквиот вид на акции кои подтикнуваат омраза и насилство не му служат на мирот“, се наведува во соопштението.

Турската амбасада соопштила дека упатила и “ итна нота“ фо германското Министерство за надворешни работи во знак на протест.

Пораки против Ердоган

Во уште еден инцидент во кој бил вмешан Центарот за политичка убавина, турската полиција минатиот викенд соопштила дека од хотелска соба во центарот на Истанбул запленила машина која печатела и дистрибуирала летоци со пораки против Ердоган во улицата каде се наоѓал хотелот, а турските медиуми наведуваат дека полицијата трага за германски државјанин кој ја напуштил земјата.

Сентарот за политичка убавина соопштил дека повеќе од илјада летоци против Ердоган фрлени биле од хотелски прозорец во паркот Гези во Истанбул.

Противниците на Ердоган често го обвинуваат за диктаторски чекори, додека пак тој ги отфрла таквите обвинувања, истакнувајќи дека тој е првиот директно избран претседател во историјата на Турција.

Турско-Германските односи поминуваат низ тежок период откако Берлин ги заостри критиките во врска почитувањето на човековите права во Турција под Ердоган.

 

Izvor: Agencije

 




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


3 × = twenty seven

%d bloggers like this: