јапан

ПРЕСКАПА ЦЕНА НА ЈАПОНСКИОТ ’НАПРЕДОК’: Девојка се убила заради премореност, спиела само 10 часа неделно

Една од водечките јапонски компании за огласување обвинета е за смрт-та на своја вработена која била предизвикана заради претерана работа.

Компанијата Dentsu обвинета е за кршење на работните стандарди откако Matsuri Takahashi, 24 годишна девојка, која во 2015 година направила самоубиство.

Нејзините родители потврдуваат дека Matsuri Takahashi, која работела во компанијата помалку од една година, постојано се жалела на замореност односно дека многу работи и дека едвај успева да заспие дури 10 часа неделно.

Смрт предизвикана од замор со прекувремена работа, релативно и честа појава е во Јапан, каде за тоа се користи зборот karoshi.

Matsuri Takahashi недолго пред својата смрт тврдела дека , месечно прекувремено работи по 100 часа. Починала на Божиќ 2015 година. Според извештаите, во пораката која ја оставила на својата мајка, помеѓу останатото напишала: “ Зошто работите мора да бидат толку тешки?“.

Весникот Asahi Shimbun објавил дека компанијата е тужена заради прекувремена работа и дека тужителите бараат парична казна.

 




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


+ 9 = ten

%d bloggers like this: