rs_mosi_zastava_facebook

Скандал во Црна Гора: Се обиделе Република Српска да ја представат како држава

Меѓународен скандал се случил овие денови на Меѓуопштинските спортски игри, натпреварување кое е традиција на поранешна Југославија и кое постана меѓународно по нејзиното распаѓање.

Имено, на овогодинешното 54-то издание на натпреварувањето кое се одржа во Плевља, представници на поедини општини се обиделе Република Српска да ја представат како држава, а таа намера ја осуетил новинарот Алмир Мехониќ, со своето реагирање.

“МОСИ игрите ова година се одржувале во Плевља, меѓутоа и ова година еден од ентитетите во БиХ, односно РС се представила како држава. Ова не е прв пат бидејќи раководството на МОСИ константно работи на омаловажување на БиХ и нејзината целовитост“, напишал Мехониќ на својот фејсбук профил.

После тоа, веднаш на неговата реакција организаторите на МОСИ игрите се обиделе да објаснат дека станува збор на знамето на Србија без грб, меѓутоа набрзо знамето на РС било тргнато, со што е испочитувано учеството на БиХ.

На овогодинешното издание на МОСИ игрите БиХ се представила со општините Горажде,Вишеград, Калиновик, Ново Горажде, Рогатица,Рудо, Соколац, Фоча и Чајниче.

 




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


4 × seven =

%d bloggers like this: