19959280_1583384565026051_3669002682266167973_n

(Фото) Алармантна состојбата со водостојот на Подгоречко Езеро

Почитувани,

Ве известуваме дека имајќи ја во предвид моменталната состојба на водостојот на подгоречкото езеро како единствен извор за снабдување на вода на населба Подгорци, од кој може да се заклучи дека е алармантна а со тоа доведе во прашање и понатамошното снадбување со вода на населбата, Месната Самоуправа Подгорци, имајќи ја во предвид претходно наведената опасност (прекини) од идно снабдување со вода, врз претходно донесена одлука, денес со изведба на градежни работи,  водата која протекуваше низ старото корито, и која со акција на наши сограѓани изминативе денови беше донесена низ подгоречкоето бачило и надолу, ставена е во системот за водоснабдување, со цел да се ублажи можниот недостаток на вода, односно истата нема да протекува низ новото изградено корито.

Ваквата состојба на искористување на водата која изминативе години протекуваше, а не се искористуваше, односно нема да се става во течење по новоизграденото корито, ќе трае се додека не се отцени дека не е загрозена опасноста од снадување со вода на населбата.

Од тука уште еднаш апелираме до жителите на населба Подгорци, на што поекономично трошење на водата, бидејќи во текот на летниве месеци, имајќи ги во предвид и предстојните високи температури населбата може да остане без доток на вода, бидејќи се користат расположливите резервни количини на вода.

Притоа за сите оние несовесни граѓани кои сеуште неконторлирано ја трошат водата ( полевање на тревници, вртови, асфлатни површини, диви чешми) а за кои имаме и соодветни информации, наскоро ќе се започне со акција на одземање на средствата за наводнувањето ( црева) како и целосно исклучување од системот на водоснабдување на сите оние кои за жал сеуште користат диви чешми или пак на друг начин ја злоупотребуваат водата.

Исто така, ги повикуваме и сите наши сограѓани односно оние совесните, кои располагаат со соодветни информации за таквите лица, особено оние кои користат диви чешми истите да ги достават во просториите на Месната Самоуправа Подгорци, со што би се превзеле соодветни активности за нивно одстранување.

Со Почит !

Месна Самоуправа Подгорци.

19894794_1583384308359410_2864065217041094703_n 19894945_1583384335026074_3365989356696207894_n 19905076_1583384461692728_6384498650830353327_n 19959444_1583384398359401_6684597154459764761_n 19961522_1583384521692722_2601540775578386917_n 19989422_1583384275026080_3340400596406863700_n 19959280_1583384565026051_3669002682266167973_n

 

 

 




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


9 − = eight

%d bloggers like this: